за

Париз 2016: Mitsubishi ASX вози во стилот на Outlander

На само неколку недели пред стартот на продажбата во Европа, на салонот во Париз дебитира освеженото моделско годиште на ASX, популарниот кросовер што прераснува во класичар во понудата на Mitsubishi. Динамичниот штит во стилот на Outlander му дава нова свежина на главниот конкурент на Qashqai.

Со повеќе од 1,1 милион примероци продадени од лансирањето на моделот во 2010 година, кросоверот ASX постигна глобален успех за Mitsubishi, што на јапонската марка секако дека ѝ влева огромна самодоверба во услови кога на пазарот на компактни кросовери станува се води сé поостра конкурентска битка.

Само на европскиот пазар се продадоа 237.564 примероци, кадешто ASX е втор најпродаван модел на Mitsubishi, секако по Outlander и неговата хибридна изведба Outlander PHEV, светскиот бестселер меѓу плагин-хибридите.

Mitsubishi ASX (2017)

Воведувањето на динамичниот штит, како што Јапонците го нарекуваат впечатливиот дизајн на предниот дел на новата генерација модели, претставува најголема промена во изгледот на ASX и ја внесува потребната свежина за следните неколку години додека пристигне новата генерација, најавена со концептот XR.

Целосна промена во изгледот на предниот дел во стилот на Outlander

Соодветно се смени и дизајнот на предниот браник, заради вклопување со стилот на хромираните лакови околу маската, додека средишниот дел е во црна боја, исто така во стил на новиот Outlander и на концептот eX. Горната половина од маската сега е изведена со црни хоризонтални ламели и се соединува во визуелна целина со светлата.

Повеќе детали се модифицирани, вклучувајќи и антена на покривот којашто сега е во стил на „перка на ајкула“. Задната клупа доби поизразени контури, заради подобро странично држење, а сменета е и облогата на седиштата.

Mitsubishi ASX (2017)

Овие промени се надоврзуваат на неодамнешното освежување на верзијата на ASX за европскиот пазар, вклучувајќи го новиот 1,6-литарски дизел со 116 КС, систем старт-стоп, шестстепен мануелен менувач и можност за избор на верзија со погон на две или на сите тркала. Воедно се продолжени и сервисните интервали, додадени се бандажи од 18 инчи со нов дизајн, детали лакирани во сјајна црна боја на воланот и самозатемнувачки внатрешен ретровизор.

[FAG id=25626]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Отворена новата фабрика за Audi Q5 во Мексико

Париз 2016: Гласниот Mercedes-AMG GT Roadster ја вознемири француската престолнина