за ,

Париз 2016: Новиот Audi Q5 пристига во почетокот на следната година

Audi го претстави новиот Q5 на салонот во Париз. Новата генерација на теренецот од средната класа се орентира според изгледот на поголемиот Q7. Со должина од 4,66 метри, ширина од 1,89 метар и висина од 1,66 метар, конкурентот на Mercedes GLC и Jaguar F-Pace порасна во сите правци, вклучувајќи го и меѓускиното растојание коешто сега изнесува 2,82 метри.

Со преоѓањето на новата платформа, Audi Q5 изгуби и до 90 килограми во тежина во споредба со претходникот. Виртуелниот кокпит повеќе не отсуствува како опција во ниту еден нов модел на марката од Инголштат. Меѓу напредните системи за асистенција се вбројува и „предвидувачкиот“ систем за заштеда на гориво, кој преку совети за возачот врз основа на конфигурацијата на патот и слични фактори помага за оптимална потрошувачка на гориво.

Audi Q5

Моторите добија до 27 КС зголемена моќност. Дволитарските TDI се нудат во верзии со 150 КС, 163 КС и 190 КС и се одликуваат со висока ефикасност, исто како и усовршениот 2.0 TFSI со 252 КС, за чијашто потрошувачка производителот наведува вредност од 6,8 литри бензин на сто километри. Темелна преработка доживеа и 3.0 TDI, со моќност од 286 КС и вртежен момент од 620 њутнметри.

Audi Q5

Купувачите ќе имаат на избор пет нови нивоа на опрема, коишто оставаат различен печат во неколку надворешни детали. Audi Q5 се произведува во новата фабрика во Мексико. Од почетокот на следната година, теренецот на Audi ќе стартува со продажба на германскиот пазар, кадешто цената на моделската изведба Q5 2.0 TDI Quattro со 163 КС и менувач S-Tronic ќе изнесува 45.100 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петорка од Porsche во динамична промоција на новиот салон

Porsche 911 GT3 Cup: Нов мотор за најпродаваниот тркачки GT во светот