Електричниот семеен автомобил на Renault доби нов батериски пакет со зголемен капацитет, којшто овозможува возење до 400 километри со едно полнење. Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со досегашниот модел и овозможено е со примената на нова генерација литиум-јонска батерија со поголема енергетска густина.
Иако капацитетот е зголемен од 19 на 41 киловатчасови и тежината е поголема за 22 килограми, батерискиот модул го користи истото куќиште како претходно. Покрај оваа моделска изведба што ја носи ознаката Zoe R400, францускиот производител ја нуди и стандардната изведба со помал капацитет на батеријата и соодветно пониска цена. Zoe R400 е достапен и во врвното ниво на опрема Bose Edition, коешто меѓу другото опфаќа кожени седишта и квалитетно озвучување од Bose.