за ,

Париз 2016: Европска премиера за микро-теренецот Suzuki Ignis

Старо име, нов автомобил. Малечкиот теренец Suzuki Ignis е долг само 3,70 метри и ќе стартува со продажба во почетокот на следната година. Како погонска единица на четириседот со надолжно поместлива задна клупа служи 1,2-литарски бензинец, којшто работи во конфигурација на т.н. благ хибрид.

Покрај растојание од подлогата од 18 сантиметри, микро-теренецот, како што Suzuki официјално го води новиот Ignis, достапен е и во верзија со погон на сите тркала, а со доплата се нудат и неколку напредни системи за асистенција, како самостојно запирање при опасност од судир, систем за следење лента и препознавање замор. Возачот може да го поврзе својот паметен телефон преку системот за конективност и преку дисплејот во кокпитот да пристапи до апликациите во телефонот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Париз 2016: Seat Ateca може да добие и екстремна теренска изведба

Париз 2016: Електричниот Renault Zoe отсега со досег до 400 километри