за

Париз ќе се ослободи од бензинците и дизелите до 2030 година

париз се ослободува од дизели и бензинци

Париз ќе применува субвенции за граѓаните да ги заменат своите возила со мотор со внатрешно согорување до 2030 година. Планот за зачувување на квалитетот на воздухот предвидува дизелите да исчезнат од градот до 2024 година, додека бензинците може да продолжат најдоцна до следната деценија.

За намалување на загаденоста на воздухот, заштита на здравјето на граѓаните и спротивставување на климатските промени, Париз уште од ноември 2016 година работи на новиот план за заштита на квалитетот на воздухот во градот. Овој план ќе биде поднесен на гласање пред градските советници во следниот месец. На триесетина одржани состаноци и преку интернет досега се примени над 1.000 предлози од граѓаните.

Планот предвидува Париз да стане СО2-неутрален град до 2050 година. Мерките се однесуваат на сите подрачја, а во поглед на сообраќајот, намерата е градот да се ослободи од возилата со дизел мотор до 2024 година, односно од бензинците до 2030 година.

Автомобилите веќе одамна се отстранети од сообраќајниците покрај Сена – во срцето на Париз владејат велосипеди и пешаци

Оваа амбиција на париските власти се поклопува со државните планови. Министерот за животна средина Николас Уло на 9-ти јули најави крај за моторите со внатрешно согорување на целата територија на Франција до 2040 година. Националниот план предвидува големите градови да се ослободат од возилата со дизел и бензински мотори до 2030 година, по што ќе следи реализација на планот на целата територија на Франција.

Во планот на Париз за заштита на животната средина не се предвидуваат забрани или казни. За постигнување на поставената цел за заштита од штетната емисија од моторите со внатрешно согорување, Париз ќе инвестира во развој на алтернативна енергија, како и во зголемување на субвенциите коишто ќе им овозможат на граѓаните да купуваат „чисти“ возила.

Повеќе производители на автомобили најавија крај за производството на возила со дизел мотор и масовно инвестираат во електричните автомобили. Покрај тоа, климатските промени наметнуваат брза реакција.

Париската градоначалничка од редовите на социјалистите, Ан Идалго, не ужива популарност меѓу возачите поради нејзините мерки за ограничување на сообраќајот. Неколку сообраќајници покрај Сена се забранети за возила и по нив можат да се движат само пешаци и велосипедисти. Затоа, пак, првата дама на Париз добива безрезервна поддршка од граѓаните што се свесни за последиците од аерозагадувањето.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тест на зимски гуми 215-65-16

Тест на зимски гуми на АДАК: Димензија 215/65 R16 H

Роботските автомобили, Audi A8

Роботските автомобили минаа на полигон, останува уште градска