за

Паметен тениски рекет за подобрување на ударот

Babolat Play Pure Drive се поврзува со паметен телефон, таблет или десктоп преку блутут или USB

Play Pure Drive се поврзува со паметниот телефон преку апликација и по мечот дава детални информации за силината на ударот, спинот и техниката. Овие податоци потоа може да се споделат со заедницата.

Францускиот производител Babolat тврди дека го нуди првиот „Connected Racket“ во светот. Овој тениски рекет со помош на различни сензори вградени во дршката снима детални информации за силината на ударот, времето на игра, техниката, истрајноста, силата и редовноста. Техниката притоа препознава и дали се работи за забивање, „пеперутка“, форхенд или бекхенд. Samsung ја прикажа актуелната изведба на рекетот во рамките на конференцијата за развивачи во САД.

Снимените податоци може по мечот да се префрлат на десктоп компјутер преку USB или на паметен телефон и таблет преку блутут. Приклучокот и копчето за синхронизација се наоѓаат покрај прекинувачот за вклучување во дното на дршката. Апликацијата Babolat Play може да се превземе бесплатно на iOS и на Андроид. Освен актуелната статистика, преку софтверот може да се повикаат и детали за претходните мечови и тренинзи. Преку оценувањето може да се подобри техниката по секој меч.

Покрај тоа, корисниците можат да ги споредат нивните резултати со заедницата преку интернет платформата Babolat Play. Врз основа на статистиките, секој играч се класифицира во генерален пласман и во одделни категории. Секако дека резултатите од тренингот може да се испратат и до тренерот, заради оценување. Цената на Play Pure Drive кај дилерите низ Европа изнесува околу 400 евра.

В година пристига конкуренција од Sony. Јапонскиот концерн на крајот на октомври го претстави сличниот концепт Smart Tennis Sensor. Во споредба со Play Pure Drive, Sony дополнително нуди и можност за снимање видео во комбинација со паметен телефон. Јапонците планираат соодветни апликации за анализа на тренингот за iOS и Андроид. Покрај тоа, рекетот на Sony е поевтин од моделот на Babolat, со очекуваната цена од 200 американски долари. Рекетот на Sony ќе се појави во продажба во јануари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Samsung Flow спојува различни уреди

Volkswagen со рекордна продажба од 8,24 милиони возила