за

Пазарните аналитичари со слаби прогнози за Opel Astra

Opel очекува многу од новата генерација на Astra, чијашто премиера ќе се случи во септември, на салонот во Франкфурт. Пазарните аналитичари сепак имаат поинакви предвидувања. Astra не е моделот што ќе го спаси Opel.

Новата генерација на Opel Astra ќе има клучна улога во враќањето на марката со молња во логото во зоната на профитабилност. Моделот ќе доживее светска премиера во септември, на салонот во Франкфурт, а продажбата ќе стартува набрзо потоа. Astra решава дали потенцијалното заздравување на Opel конечно ќе доведе до долготраен успех на пазарот. Германската марка на General Motors има поставено јасна цел со новиот модел: Opel да се врати на подиумот во компакт класата, односно меѓу првите три најпродавани модели. Според стратезите на Opel, новата Astra ќе успее да се избори за врвните позиции преку трите клучни подрачја што кај новиот модел се доведени до перфекција: Ефикасност, конективност и дизајн.

Поради силната конкуренција, моделите остануваат на стекнатите позиции

Пазарните аналитичари од реномираниот IHS не спорат дека Astra навистина постигнува голем напредок токму во овие три подрачја. Но, тие не очекуваат дека Opel ќе успее да привлече доволен број на нови купувачи со новиот компакт. Силната конкуренција во класата едноставно не дозволува некој од производителите преку ноќ да направи драстичен пробив. Позициите што се стекнати досега, остануваат. Покрај силната конкуренција, следното што ги релативизира големите надежи на Opel е фактот што сé поголем број купувачи се ориентира кон спортските теренци.

Бројките од продажбата што ги предвидуваат експертите од институтот IHS не одат во прилог на оптимистичките прогнози на Opel. Тие очекуваат во следната година да се продадат 210.000 примероци од новата Astra, за кулминацијата да се достигне во 2017 година, со 330.000 примероци. Тоа се солидни бројки, но сé уште е за 55.000 примероци послабо од врвот што претходникот го постигна во 2011 година. IHS заклучува: Мала е веројатноста дека Opel со новиот модел ќе ги зголеми продажбите во однос на претходникот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari 488 Spider: Само небото е лимит

Ferrari оди на берза да обезбеди пари за Alfa Romeo