Шефот Лука ди Монтеземоло и Пиеро Ферари, синот на човекот кој ја започна приказната за марката што денес важи за најмоќна во светот, на 18-ти февруари го отворија новиот музеј на Енцо Ферари во Модена.
Датумот 18-ти февруари беше избран во чест на одбележување на роденденот на Енцо Ферари, кој е роден на истиот датум пред 106 години. Постоечкиот објект на спектакуларниот музеј е проширен со нова галерија, во којашто освен разгледувањето на најважните автомобили во историјата на Енцо како возач на Ferrari и конструктор и создавач на Scuderia, посетителите ќе можат да влезат во „временска машина“ што ги враќа во стогодишната тркачка историја преку разни проекции, слики и звуци. Вкупно 18 проектори ја прикажуваат историјата на автомобилизмот во Модена, историјата на Енцо Ферари и средината во која што се одвивала целата оваа историја.
Музејот Енцо Ферари е донација за Ferrari од фондацијата што го поседува објектот и во која што учествуваат официјалните институции на Модена, вклучувајќи ги Советот и Стопанската комора на градот. Отсега постојат два музеја на Ferrari во регионот, коишто се отворени секој ден освен на Божик и на Нова година и коишто совршено се надополнуваат: Во Модена се раскажува историјата за човекот од кого започна сé и кој ги создаваше автомобилите во неговото време, додека во Маранело се доживуваат денешницата и иднината на Ferrari.