за

Осум денови во застој: Во овие градови се вози во место

Возачите во светот губат во просек по 8 работни денови во годината чекајќи со автомобилот во застој. Од 169 светски градови, најмногу застој имаат возачите во Москва и Истанбул.

Специјалистот за техника за навигација TomTom ги објави податоците за сообраќајните застои во 169 градови на шест континенти. Овие податоци се добиени од навигациските уреди во возилата, со споредба на времето на возење во неоптоварените часови и во најголемиот метеж, вклучувајќи ги и локалните патишта и автопатиштата.

Москва е најзаглавениот град за автомобили во светот: Ако во нормалните часови е потребен еден час да се пристигне од една до друга точка во градот, во времето на најголемиот утрински застој за тоа ќе бидат потребни дури два часа и 14 минути!

Според Tom Tom, ова се десетте светски градови во кои е најдобро да се почека да мине сообраќајниот метеж, па дури потоа да се размисли дали да се вози:

Град

 

Степен на застој (во %)
1. Москва 65
2. Истанбул 57
3. Рио де Жанеиро 50
4. Варшава 44
5. Палермо 40
6. Марсеј 40
7. Сао Пауло 39
8. Рим 36
9. Париз 36
10. Стокхолм 36

Во анализата на податоците, TomTom открива дека застоите се зголемуват како што земјите постепено излегуваат од рецесијата. „Традиционалните решенија за надминување на застоите, како изградба на нови патишта или проширување на постоечките, повеќе не покажуваат резултат. Потребна е драстична промена на начинот на кој што се управува со сообраќајот“, смета директорот на TomTom, Харолд Годијн.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar F-Type Coupe: Жешка мачка со стаклен покрив

Volvo отвори фабрика во Кина