за ,

Осло ќе ги забрани автомобилите во центарот на градот

Градските власти на Осло се грижат за подобрување на климата и планираат во иднина да ги забранат автомобилите во центарот на норвешкиот град. Тоа ги радува пешаците и велосипедистите, но ги загрижува економистите.

Осло ќе ги забрани автомобилите во центарот на градот до 2019 година. Новите градски власти во новрешката престолнина планираат за четири години целосно да го забранат пристапот со приватни автомобили во центарот на градот, каде што имаат живеалиште само илјада жители, но затоа на работното место пристигаат 90.000 лица.

Заедничката платформа на левичарката работничка партија, социјалистите и зелените победи на локалните избори во средината на септември. До 2019 година, автомобилскиот сообраќај на целата територија на градот ќе се намали за 20 проценти, а до 2020 година за 30 проценти.

Преполовување на штетните емисии од нивото во 1990 година

Центарот без сообраќај е дел од пакетот мерки што треба да придонесат емисијата на штетни гасови во Осло да се намали за 50 проценти наспроти нивото од 1990 година. Властите планираат намалување на потрошувачката на фосилни горива, проширување на мрежата велосипедски патеки и инвестирање во електрични велосипеди. Фирмите се загрижни за плановите и укажа на тоа дека единаесет од 57-те трговски центри се наоѓаат во центарот на Осло.

Осло не е единствен со овие планови. Другите европски градови веќе воведоа забрани за сообраќај во центарот, како Мадрид или Лондон. Во британската метропола веќе со децении важи градска патарина, што има за цел да го поттикне користењето на јавниот превоз. Париз неодамна стартуваше со недели без автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Две третини од Германците и натаму сметаат дека Volkswagen е „исклучителен“

BMW стартува со производство на M2