за

Од скапо поскапо: Златно Ferrari по улиците на Лондон

На форумите за Ferrari во последниве денови се зборува многу за едно златно Ferrari во Лондон. Кој е сопственикот? Тоа не треба да е големо изненадување. Се работи за професионален кик боксер со потекло од Ирак.

Повпечатливо од ова не може да биде. Некој богат љубител на спортски автомобили во последниве неколку денови се појавува со златно Ferrari на улиците на Лондон. Британските медиуми не пропуштија да дознаат кој е сопственикот. Скапата играчка му припаѓа на Ријад Ал-Азави, суперѕвезда во кик боксот. Само лакирањето со златен винил чини најмалку 5.000 евра. Тоа е речиси безначајна сума, кога ќе се има во предвид дека Ferrari 458 Italia чини блису 200.000 евра во купе изведбата и дваесетина илјади евра повеќе во родстер изведбата.

Златното Ferrari од Лондон не е единствено од тој вид. Златни примероци од марката постојат и во Кина, а секако и во Саудиска Арабија, каде што супербогатите експерти за вкус веќе со децении ги позлатуваат своите супербрзи болиди од Маранело. Причината зошто Арапите се решаваат за златна боја? Затоа што Ferrari, Bentley, Lamborghini и сличните на нив се секојдневие по нивните улици. Тој што сака да биде забележан, мора да направи нешто посебно на својот автомобил. Златото, на пример, доволно е посебно.

zlatno ferrari1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Никој не пријавува повеќе патенти од Toyota

Руски регистерски таблички за автомобилите во Крим