за

Од нула до сто за два литра гориво

Peugeot и Total заеднички развија студија на хибриден модел со потрошувачка од 2,1 литри бензин на сто километри. За хибридниот погон се користени искуствата од тркачкиот прототип Peugeot 908.

Концептот Peugeot 208 Hybrid FR е развиен под мотото „Mission 49-8“, при што броевите во ознаката се однесуваат на емисијата од 49 грами СО2 на километар и на осум секунди за забрзување од место до темпо сто.

peugeot 208 hybrid

Проектот во најголем дел е заслуга на спортското одделение на Peugeot. Во студијата се користат искуствата стекнати во трките со прототипи. Делови од моторот се обложени со карбон, со специјална технологија на изработка со дијаманти, додека хибридниот систем во дел е преземен од тркачкиот Peugeot 908.

Главните тежишта во развојот на студијата беа ставени на намалувањето на тежината на возилото (минус 200 килограми во споредба со Peugeot 208), на намалувањето на отпорот на гумите, на оптимизација на аеродинамиката, подобрување на ефикасноста на моторот и на модерниот систем за повраток на енергијата при сопирање.

Од партнерот Total потекнуваат лесноодното масло 0W12 и деловите од каросеријата и ентериерот што се изработени од композити. Основата на моторот потекнува од еднолитарскиот трицилиндарец, кој за студијата доби зафатнина зголемена на 1,2 литар. Бензинецот е комбиниран со електричниот погон од 908 HYbrid4, вклучувајќи ги и батериите со висока ефикасност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет милиони примероци од Jeep Grand Cherokee

Hyundai произведе половина милион возила во Русија