за

Овој Lexus има „најкул“ бандажи во светот

Престижната марка на Toyota повторно се впушти во потфат кој има за цел да ја докаже врвната способност на своите инженери. За првпат во светот, Lexus NX извозе со гуми и бандажи изработени од мраз.

Lexus на повеќе наврати досега практикуваше да го привлече вниманието со необични потфати кои успеваат да убедат дека марката навистина располага со врвни техничари. Последниот во серијата проекти „creating amazing“, по Lexus IS кој беше целосно изработен од картон и оспособен за возење, јапонската марка овојпат ангажираше тим од специјалисти за изработка на скулптури од мраз, со необичната идеја, да се испроба дали мразот може да се користи како замена за класичен метал и гума.

По тримесечно истражување, дизајнирање и тестирање, готовите бандажи од мраз беа поставени на Lexus NX. Автомобилот се чуваше пет дена на температура од 30 степени под нулата, пред да биде изнесен по улиците на Лондон. За дополнителна драматика, во бандажите од мраз беа вградени и светлечки диоди.

Во производството на возила од марката Lexus, инаку, можат да работат само избрани мајстори на својот занает, кои се нарекуваат „такуми“. Како изгледаше возењето на „замрзнатиот“ Lexus по лондонските улици, можете да погледнете на видеото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage изработен специјално за Икс-Мен

Дали автомобилот треба да се мие во зимо или не?