за

Овој Lamborghini Aventador е диско на тркала

Можете да замислите Lamborghini Aventador што произведува холографски ефекти, фрла оган и трепка од секој можен и неможен агол? Некаде во Токио, луѓето се одушевуваат на оваа креација. Но, само во Токио.

Уште одамна ни е познато дека јапонската сцена „босозоку“ е неизцрпен извор на невкус и претерување во секаква смисла. Овие мајстори на кичот и изопачената убавина се специјализирани нивните автомобили и мотоцикли да ги направат колку е можно погласни, подречливи и неповторливи. Единствено е добро што целта не е да се постигне ефект што ќе биде впечатлив заради убавина, туку ќе биде само впечатлив. Во тој случај, на овој Lamborghini Aventador навистина му нема рамен.

Создателот на овој автомобил што од фабрика е тргнат како суперспортско купе на кое ништо не му недостига, му наредил веројатно милион светлечки диоди, го прекрил со километри холографска фолија и на крајот му поставил и фрлач на пламен. Видеото е снимено за време на собир на „босозоку“ во Токио. Мало предупредување: Лица со фотосензитивна епилепзија или нагон на лошење при дрско грдење на суперскапи автомобили, подобро нека не го гледаат видеото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто Porsche Macan не се вика Cajun и Tiguan не е Nanuk

Nissan бара британската влада да воведе сообраќаен знак за полнач за струја