за

Овој центар на Porsche работи само со олдтајмери

Над 70 проценти од сите досега произведени примероци на Porsche се во возна состојба. За овие возила да останат во беспрекорна состојба, Porsche планира изградба на мрежа од центри само за своите олдтајмери и јангтајмери.

Porsche денес го отвора првиот свој центар во кој сите автомобили се стари и вредни. Во Porsche Classic Zentrum во германскиот град Арнхајм, за прв пат под еден ист покрив се опфатени сервисирање, услуги и продажба само за олдтајмерите и јангтајмерите од спортската марка. Porsche планира наскоро да отвори уште неколку слични центри низ светот.

Зошто толку врева околу овие центри? Затоа што 70 проценти од сите автомобили произведени досега од Porsche се во активна возна состојба. За овие автомобили да добијат најдобро можно сервисирање или реставрација, Porsche до 2018 година ќе создаде мрежа од 100 продажни и сервисни локации низ светот. Во оваа мрежа ќе влезат избрани и сертифицирани партнери од постоечката мрежа на продажно-сервисни комплекси на марката, во кои ќе се нуди целиот спектар на услуги на Porsche Classic. Тоа подразбира достапност до 52.000 оригинални резервни делови, понуда на комплетна и делумна реставрација, како и одржување и поправки. Продажба и откуп на олдтајмери, исто така. Посебен оддел во овие центри ќе биде наменет за олдтајмерите и јангтајмерите, со изложени возила, резервни делови и техничка литература.

Мрежата на Porsche Classic во моментов располага со 24 центри, од кои десет се во Германија, а останатите се во Естонија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Јужна Африка, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати. Нови центри се планирани во Австралија, Белгија, Канада и САД. Вработените во овие центри се обучени специјално за старите возила на Porsche и располагаат со специјални алати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi здрав и прав, десетгодишнина и нов А4 во Македонија

Ексклузивен Mercedes-AMG A 45 за прослава на шампионската титула