за

Овој теренец на Citroen е само за Кина

DS 6 WR

Производителите на автомобили се подготвуваат за салонот во кинескиот Ченгду, кој се отвора за нешто повеќе од една недела. Citroen ќе ја прикаже сериската верзија на DS 6WR –наменет само за локалниот пазар.

Кинеските портали денес ги објавија фотографиите од сериската верзија на кросоверот што произлезе од концептниот автомобил DS Wild Rubis. Со меѓуоскино растојание од 2,73 метри и каросерија долга 4,55 метри, Citroen DS 6 WR е за педа помал од Audi Q5, но е подеднакво претставителен. Ентериерот на фотографиите изгледа дека е педантно изработен, а во поглед на дизајнот се ориентира според DS 5LS. Под хаубата работи 1,6-литарски бензинец со турбонатполнење, во верзии со 163 КС и 200 КС. Подоцна во понудата ќе влезе и поевтина верзија со 1,8-литарски атмосферски бензинец со 139 КС. Во поглед на достапноста на овој интересен кросовер на европскиот пазар и натаму нема официјална потврда од Citroen. Кросоверот DS 6 WR е производ од соработката меѓу францускиот Citroenи домашниот Dongfeng Peugeot, соодветно на „стандардот“ на кинеските власти, странските производители да се обврзат на соработка со кинеска фирма доколку сакаат да произведуваат во земјата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Saab се наелектризира од лошите гласини

Ferrari 458M се подготвува за премиера во Париз