за

Овој кабриолет на Mercedes-Maybach им го одзема сонцето на „Ролс и компанија“

mercedes

Првиот кабриолет од марката Mercedes-Maybach прославува премиера на салонот во Лос Анџелес. Кога испораката ќе стартува во следната пролет, целата серија од Mercedes-Maybach S 650 Cabriolet ограничена на тристотини примероци ќе биде веќе распродадена. Цената изнесува 300.000 евра, иако никој од идните сопственици на овој хиперлуксузен кабриолет нема да остане на „основното“.

Пред неколку недели на салонот во Париз доживеа премиера Vision Mercedes-Maybach 6 и укажа на иднината на оваа луксузна марка. Сега следи серискиот модел Mercedes-Maybach S 650 Cabriolet, којшто поставува нови мерила во својот сегмент во поглед на ексклузивноста и луксузот. Во целиот свет ќе се испорачаат само тристотини примероци од S 650 Cabriolet, по цена од 300.000 евра за парче.

mercedes-maybach s 650 cabriolet 7

Основата ја дава кабриолетот од класата S, на што се надоградени нов преден браник, како и хромирани детали каде и да се погледне. Друга особеност се кованите бандажи од 20 инчи во двобојна изведба, исто како и логото на Maybach коешто се прикажува покрај возилото откако ќе се отворат вратите.

Кабриолетот ги применува во серија идеите од концептот S-Class Coupe од 2013

Голем дел од визионерските идеи кај концептот S-Class Coupe од салонот во Франкфурт во 2013 година се појавуваат кај отворениот S 650. Тоа се однесува особено на динамичното „течение на линиите“ во седиштата. Графиката што личи на водопат е изведена со прогресивна перфорација. Слични детали е штепувањето во форма на каро на страниците на седиштата и кедарот изработен во стил на будимпештанските мајстори.

mercedes-maybach s 650 cabriolet 4

Украсните делови по арматурната табла и по вратите се изведуваат во било која боја и текстура што ќе ги нарача секој еден од тристоте идни сопственици на S 650 – доаѓа во предвид дури и изведување амбиент како во јахта, по пример на јахтата Arrow 460 Granturismo на Mercedes. За изработката на „течните линии“ се користи специјална постапка, при што со фина глодалка со пречник од само 0,8 милиметар се пробива фурнирот и се прикажува украсниот дел што се наоѓа оздола.

Сите доплати кај „обичниот“ кабриолет од S-Class се сериски во S 650

Сите ставки што спаѓаат во дополнителната опрема на кабриолетот од S-Class, кај Mercedes-Maybach се вградуваат стандардно, вклучувајќи Aircap и Airscarf, како и предни светла во стилот на Swarovski. Со возилото следува и ексклузивен комплет од четири куфери, изработени од истата кожа како ентериерот на возилото. Секако дека секој од овие куфери исто така го носи знакот „1 од 300“.

За погонот служи шестлитарски V12 со битурбо натполнење и 630 КС, во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка. Пневматската амортизација Airmatic секако дека се испорачува како стандард.

[FAG id=26328]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака изгледа луксузен пикник за сопствениците на Bentley Bentayga

BMW 740Le ги пречекува важните гости на аеродромот во Минхен