за

Овој автомобил на Lexus буквално е пораснат на дрво

Производителите имаат практика преку концептните автомобили да ја демонстрираат својата иновациска моќ пред светот. Lexus иновира поинаку. Неговиот концептен автомобил е картонска копија на моделот IS.

Овој оригами Lexus не е ниту отпорен на дожд, ниту може да се користи во секојдневието. Според наводите од производителот, возилото располага со електромотор, но тој е наменет само за поместување на картонскиот џин при неговото појавување на салоните.

Намерата на Lexus со овој автомобил од материјал за амбалажа е да докаже дека може да сработи сé што ќе смисли, но и да ја покаже префинетата уметничка страна. Престижната марка на Toyota често има практика ваквите проекти ефикасно да ги искористи во маркетиншки цели. Јапонците неодамна го привлекоа вниманието на светот со студијата на скејтборд што лебди со помош на магнети. Единствениот проблем со картонскиот Lexus е што неговата секојдневната применливост и практичната корист се еднакви на нула.

За актуелнава студија, Lexus ангажираше специјализирано претпријатие од Лондон. Петмина работници во студиото работеле три месеци на мерење на оригиналот и на обликување на спортската лимузина на Lexus од картон. Техничката лабораторија за тоа време била претворена во производствена хала. За изработката на копијата се потрошени 1.700 слоеви картон дебел 10 милиметри, исечени со ласер. Секој слој има посебен „сериски“ број. Готовите слоеви картон на крајот се поставени на шасија изработена од алуминиум и челик. Со исклучок на шасијата, целиот автомобил е изработен исклучиво од картон.

Монтажен процес: 1.700 слоеви картон, секој спојуван по 10 минути со еко-лепило на база на вода

Покрај еколошкиот аспект, овој автомобил е посебен по грижливо изведените детали. Возачката врата се отвора, седиштата се верни на оригиналните – со таа разлика што не се комфорни и безбедни како оригиналните. Дури и „гумите“ се изработени од повеќе слоеви картон.

Lexus е во право кога тврди дека станува збор за првиот оригами автомобил во светот. Сличен обид за автомобил да се изработи од еколошки материјал имаше Ford во 1940 година. Неговиот автомобил беше изработен од коноп.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen гарантира инвестиција од 4 милијарди евра во шпанските фабрики

Новата генерација на Audi Q5 пристига в година