за

Овие 20 модели издржуваат најмногу километри

Познатата интернет берза за продажба на автомобили Mobile.de спроведе истражување меѓу моделите во огласите коишто во просек имаат поминато најмногу километри. Неколку марки се покажуваат особено издржливи.

Статистики и процени за најиздржливите модели се наоѓаат насекаде. Во дел од нив може да се верува, во поголемиот дел не. Познатиот портал Mobile.de објави податоци коишто веројатно се блиску до вистината и во коишто се издвоени моделите со најмногу километри во огласите. Не треба да изненадува тоа што повеќе модели на Volvo се појавуваат на списокот на 20-те автомобили со најголеми километражи. Врвното место, сепак, му припаѓа на еден модел на BMW којшто веќе одамна не е меѓу најсвежите на пазарот – серијата 7 од генерацијата E38 што се произведуваше до 2001 година. Услов за некој модел да влезе во потесниот избор за Топ 20 модели со највисока километража беше од истиот да се објавени најмалку 10 огласи на порталот.

Мал проблем може да биде единствено тоа што километражите кај користените возила често пати се враќаат заради поголема заработка при продажбата.

 

20 модели со најмногу километри на Mobile.de

 

  Марка Модел Километража Цена (евра) Огласи
1 BMW 725 305.558 2403 12
2 Volvo 940 279.108 2100 59
3 Volvo 760 275.964 3433 11
4 Mercedes E 290 TD 267.075 2066 123
5 Volvo 850 257.984 1661 242
6 Volkswagen T4 Caravelle 246.712 6240 551
7 Volkswagen T4 Multivan 246.106 8491 805
8 Volvo 245 244.051 6015 16
9 Audi V8 240.321 4561 54
10 Lexus LS 400 238.614 4571 24
11 Volvo 740 237.599 1876 40
12 Volvo 240 236.102 4722 52
13 Mercedes CE 320 235.664 4751 11
14 Volvo 960 235.589 3180 43
15 Volkswagen T4 California 230.323 14516 120
16 Volkswagen T4 (други) 228.940 4531 1209
17 Audi 200 228.168 4963 27
18 Mercedes 270 (оглас без наведен модел) 227.769 5246 40
19 Nissan Urban 225.754 4203 12
20 Mercedes E 270 225.669 6050 777

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Први информации за новиот BMW X6

Германски магазин по трагите на автомобилската мафија