за

Овие 13 автомобили имаат најморничави имиња

Во пресрет на ноќта на вештерките, на овој список се најдоа не случајно 13 автомобили, на кои производителите решиле да им дадат морничави имиња. Изборот на името е речиси пресуден момент за успехот на одреден модел, затоа што името треба да го привлече интересот на купувачите за автомобилот и да им пренесе одредена порака.

Намерата на производителите да им дадат „страшни“ имиња на некои свои модели сигурно не била да ги исплашат купувачите. Повеќето од 13-те модели што се наоѓаат на следниов список постигнаа одличен успех на пазарот. Тоа ја оправдува и намерата на производителите, да се привлече вниманието и автомобилот да се издвојува со името, да се помни.

Не постои правило кои автомобилски класи или сегменти обично добиваат застрашувачки имиња. Тука има и необични концептни автомобили, суперспортски автомобили и престижни лимузини, но и обични модели што секојдневно се среќаваат по улиците.

1) Rolls-Royce Phantom

Дефиниција за фантом: Физичка манифестација на душата или духот на умрена личност

2) AMC Gremlin

Дефиниција за гремлин: Мало измислено суштество коешто се обвинува кога нешто не функционира како што треба

3) Pontiac Banshee

Дефиниција за Банши: Женски дух во ирските и шкотските приказни којшто со силно врескање ги предупредува луѓето за нечија скорешна смрт

4) Hillman Imp

Дефиниција за Имп: Мало суштество што изведува безопасни трикови во детските приказни

5) Lamborghini Diablo

Дефиниција за ѓавол: Најмоќен дух на злото кој често се претставува како владетел на пеколот

6) Alfa Romeo Spider

Дефиниција за пајак: Мало суштество со осум нозе што плете мрежа од лепливи конци на кои се фаќаат инсекти

7) Plymouth Prowler

Дефиниција за талкач, некој што се „прикрадува“: Некој што тивко или потајно се движи низ просторот барајќи нешто

8) Ford Probe

Дефиниција за сонда: Уред што се користи за добивање одредена информација за дијагностички или експериментални цели

9) Spectre R42

Дефиниција за закана: Нешто што шири страв за можен непријатен или опасен настан

10) Dodge Challenger SRT Hellcat

Дефиниција: Вештерка; оштроконџа

11) Rolls-Royce Wraith

Дефиниција: Дух на мртва личност, сениште

12) DF Goblin

Дефиниција за гоблин: Грдо и понекогаш лошо суштество што милува да предизвикува проблеми

13) Lamborghini Murcielago

Дефиниција: Лилјак

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce како моден додаток

Вака изгледа круг на Нирбургринг со BMW M4 DTM