за

Овие роботи ќе доставуваат нарачки директно до домот

Додека Amazon планира да ги доставува производите по воздушен пат до нарачателот со помош на дронови, фирмата на двајца соосновачи на Skype ќе користи роботи за достава по копнен пат.

Спротивно од тоа што може да се претпостави судејќи според името на компанијата, Starship Technologies не работи со вселенски бродови или ракети, туку со делумно автономни возила кои потсеќаат на подраснати правосмукалки што се ориентираат со ултразвук. Компанијата на двајцата соосновачи на Skype, Ахти Хејнла и Јанус Фрис, нуди евтино решение за испорака на производи од магазинот на дистрибутерот до домашниот праг на нарачателот преку интернет.

starship tech 47671896
Во роботот собира производи исто колку во две обични корпи за пазарење. Посебна брава што се ослободува преку мобилна апликација ја штити содржината од кражба

Возилата се доволно големи да се натоварат со производи колку што собира во две обични корпи за пазарење. Доставата се нарачува преку апликација, се избира времето за достава, а позицијата на роботот може да се следи во реално време. Истата апликација се користи и за отклучување на бравата што ги штити производите од кражба.

Автономното возење на дело

Роботите се движат со брзина од 6,5 километри на час и со помош на сопствената навигација, сензорите и алгоритмите за избегнување судир се во состојба самостојно да го совладаат патот од магацинот до клиентот, но заради безбедност, нивното движење ќе може да се надгледува и од операторите. Starship Technologies ветува испорака за 30 минути, без емисија на штетни гасови. Првите роботи се очекува да се појават веќе в година.

Други фирми, како Amazon и Walmart исто така планираат да користат автономни машини за испорака на производи, но нивниот избор е воздушен транспорт, преку квадрокоптери или слични дроови. Фирмите што најавуваат испорака на пакети преку дронови мораат да исполнат голем број законски прописи и особено да внимаваат на безбедноста на нивните системи. Токму последново треба да е предноста на Starship Technologies, затоа што нивните возила се движат по земја, односно во случај на дефект во системот, роботите не можат никому да му паднат на глава.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Индиски суперавтомобил со хибриден погон против McLaren & Co

Daimler испорачува струја од искористени батерии од електромобили