за

Овие марки напредуваат најдобро на европскиот пазар

За овој празничен топ 10 ви подготвивме список на десетте марки што забележуваат најголем пораст во продажбата во Европа. Најдобрата марка постигна пораст од дури 114 проценти.

Организацијата на европски производители на автомобили во четвртокот ја објави среќната вест дека продажбата на возила на европскиот пазар во март била за 10,6 проценти повисока отколку во истиот месец лани. За целиот прв квартал, порастот е малку поскромен, но сé уште повеќе од задоволителен и изнесува 8,4 проценти.

Се разбира дека секоја марка не учествува подеднакво во порастот на продажбата. На следниов список ви ги претставуваме десетте марки со најголем релативен пораст во првиот квартал од годината.

 

1 Ferrari/Maserati +114%

maserati ghibli

Организацијата на производители на автомобили ги води марките Ferrari и Maserati заедно, но совршено е јасно дека огромното зголемување на продажбата доаѓа првенствено од Maserati. Марката со тризабецот продава многу повеќе возила откако во понудата влезе лимузината од средната класа Ghibli, покрај значително поскапите GranTurismo и Quattroporte.

 

 

 

 

 

2 Dacia +42,7%

31

Романците комплетно ја обновија својата моделска понуда и тоа се огледува во продажната статистика. Продажбата на Dacia се зголеми од 63.467 на 90.560 возила во првиот квартал од 2014 година.

 

 

 

 

 

3 Lexus +32,5%

lexus is

Престижната марка на Toyota постигна вистински погодок со новиот IS. Откако конкурентот на серијата 3 на BMW е во продажба, бројките се во постојан раст.

 

 

 

 

 

 

4 Mazda +30,5%

mazda3

Новата Mazda3 се продава одлично на европскиот пазар. Таа е главниот носител на порастот од преку 30 проценти. Јапонците ќе продадеа и повеќе возила доколку фабриката успееше да произведе повеќе.

 

 

 

 

 

 

5 Suzuki +22,2%

suzukiЈапонскиот специјалист ја зголеми продажбата од 36.283 на 44.336 возила, благодарејќи првенствено на одличниот SX4 S-Cross.

 

 

 

 

 

 

 

6 Jeep +18,8%

jeepJeep е една од најуспешните марки во групацијата Fiat Chrysler. Најголемите бројки во продажбата ги постигнува новиот Grand Cherokee.

 

 

 

 

 

 

 

7 Skoda +18,6%

skodaДодека Superb и Fabia чекаат да се појават нивните наследници, новата Octavia носи одлична продажба за чешката марка. Во првиот квартал Skoda продаде 137.863 возила, наспроти 116.256 лани.

 

 

 

 

 

 

8 Ford +12,8%

fordФејслифтот на Fiesta е главната движечка сила за натпросечниот раст на продажбата на Ford на европскиот пазар во првите три месеци од годината.

 

 

 

 

 

 

 

9 Renault +11,9%

renaultБизнисот на Renault му оди одлично благодарение на моделите Captur и Clio. По неколку месеци стартува продажбата на новиот Twingo, кој ќе придонесе за дополнителен раст.

 

 

 

 

 

 

10 Mitsubishi +11,0%

mitsubishiЈапонската марка продолжува да напредува на пазарот во Европа со продажбата на хибридниот модел Outlander PHEV. Во почетокот на минатата година овој модел уште не се нудеше на пазарот.

 

 

 

 

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Yaris го следи стилот на Aygo

Кина има најмногу милијардери во бизнисот со автомобили