Покрај сите видови на избори на автомобил на годината што постојат низ светот, не е изненадување дека постои и избор на модел-автомобил.
Магазинот „Модел Фарцојг“, очигледно германски, по 27-ми пат ги избираше најубавите минијатурни автомобили на годината. За победниците се решаваше во 22 категории, жири беа гласовите на читателите.
Најмалиот размер во којшто се изработени овие автомобилски соништа е стандардниот 1:87, додека кандидатот за награда во годинашниов избор е четирипати помал од вистинската големина.
Во категоријата на „автомобилски класици“ победи Volvo Amazon во изработка на фирмата Wiking, кој е воедно и најевтиниот модел меѓу годинашниве победници, со цената од 13,99 евра. На врвот на ценовната скала се наоѓа дречливо жолтиот Lamborghini Huracan во размер 1:8. Овој припадник на категоријата „Китови за составување во повеќе размери“ го носи печатот на прочуената фирма Pocher и воопшто не изненадува тоа што неговата цена изнесува 699 евра.
„ Супер – автомобилче “ на годината е камион вреден близу 700 евра
Незначително поевтин е „супермоделот на годината“, Mercedes LO 2750 Renntransporter од производителот CMC. Транспортерот на тркачки автомобили е апсолутен победник во сите категории, како најубав модел-автомобил за годинава. Камионот по пример на оригиналот од 1934 година е изработен во размер 1:18 и чини 694 евра. Секако дека овие цени се однесуваат на германскиот пазар.
Наградата за иновација годинава ја освои издавачката куќа Францис. Тие изработија кит за составување на моторот на Porsche 911 од 1966 година. „Боксерот“ е четирипати помал од оригиналот и изработен е исклучително верно на оригиналот, со помош на експертите од музејот на Porsche во Цуфенхаузен.
[FAG id=29210]
Останатите добитници:
спортски автомобил Aston Martin One-77 (од Avan-Style)
товарни возила во размер 1:87 Volkswagen T1 „Kleinschnittger“ (од Schuco)
класичари од големосериско производство во размер 1:43 Citroen DS со камп-приколка Caravelair (од Norev)
концептен автомобил Mercedes Vision GT (од Schuco)
товарни возила во размер 1:43 Opel Blitz Renntransporter (од Schuco)
малосериско производство во размер 1:43 Volkswagen Beetle во доставна изведба (од Schuco)
мотоцикли Triumph Speed Twin во размер 1:12 (од Minchamps)
земјоделски машини во размер 1:32 и 1:43 Eicher Wotan (од Weise-Toys, во размер 1:32)
актуелен модел во размер 1:18 Volkswagen T6 Multivan (од NZG)
колекционерски во различни размери Porsche 911 Turbo (во размер 1:12, од Minichamps)
китови за составување во размер 1:87 Lanz Eilbulldog со приколка за јаглен (од Weinert)
китови за составување во размер 1:43 Opel Kadett GT/E „W. Röhrl“ (од Scala43)
китови за составување во размер 1:24/25 (патнички автомобили) Mercedes-AMG GT (од Revell)
китови за составување во размер 1:24/25 (товарни возила) Citroen HY Van (од Ebbro)
Модели со далечинско управување, економска класа VW Käfer, (од Jamara, размер 1:18)
Модели со далечинско управување, бизнис класа Mercedes-Benz Arocs 3362 6×4 (од Tamiya, во размер 1:14)
слот-автомобили во размер 1:32 Mercedes-AMG GT3 (од Carrera)
слот-автомобили во размер 1:24 Ford GT Le Mans (од Carrera)
топ-марка на годината:
- Minichamps и Wiking (колекционери)
- Revell (китови за составување) Tamiya (модели со далечинско управување)
- Carrera (слот-трки)
топ-марка за пример:
- Mercedes-Benz