за

Ова е најцрниот Bentley во историјата и има причина за тоа

Мотото „Сé што ќе замислите, ние ќе го создадеме“ можеби звучи како да му припаѓа на одделението за специјални нарачки на Bentley, но не е така. Тоа се зборови на Џорџ Бамфорд, човекот што изработува скапоцени часовници, црни часовници. По негова замисла, одделението Mulliner изработе уникатен примерок од Mulsanne Speed. Црн.

Џорџ Бамфорд, човекот чиешто име стои на едни од најскапите часовници во светот, нарача специјалното одделение на Bentley да му изработи уникатен Mulsanne Speed по негов дизајн. Марката Bamford е препознатлива по тоа што најскапите часовници, вклучувајќи го Rolex, ги преработува и им дава препознатлив црн стил, а соодветно и нивната цена расте на најмалку дваесетина илјади евра.

bamford x bentley mulsanne speed 2

Со ваква пазарна политика, нормално е дека во возниот парк на Бамфорд се наоѓаат неколку примероци од Bentley, преработени во специјалното одделение Mulliner. Постојат сличности во стилот на работа на Bamford и Mulliner: Луксузни и скапоцени производи се преработуваат да станат уште полуксузни и со силна индивидуална нота.

Примерокот од Mulsanne Speed што Бамфорд го дизајнираше за себе е поцрн и потемен од кој било друг модел на Bentley досега, со детали во надворешноста и во кабината финиширани во „белуга“ стил, вклучувајќи бандажи од 21 инч со специјален дизајн на Mulliner.

Изработка на детали по постапка на „физичко таложење на пареа“

Впечатливиот ефект „белуга“ се постигнува преку таканаречено физичко таложење на пареа, при што материјалот за нанесување прво се претвора во пареа, којашто потоа се таложи врз обработуваниот предмет и се спојува со него на молекуларна основа. Вака добиената површина е исклучително отпорна на механички оштетувања и корозија.

https://www.instagram.com/p/BNtNM3rAmCP/?taken-by=bamfordwatchdepartment

За контраст на темниот ентериер, Бамфорд избра бројни детали да бидат изведени во „кингфишер“ сина боја, слична на бојата што често се користи во неговите часовници. Тимот на Mulliner изврши серија тестови да провери дали бојата за новиот Bentley на часовничарот издржува ултравиолетово зрачење, екстремни температури и физичко напрегање при собирање на материјалот.

Место од скапа кожа, средишната површина на седиштата е изведена со платно за костум и прошарана со попречни линии во светло сина боја. Вообичаениот ладилник за шампањ покрај задните седишта е заменет со кутија за часовник изработена од карбон, иста каква што се користи за часовниците Bamford, со неколку „ситни“ детали.

Bentley Mulsanne Speed

  • Моќност: 537 КС при 4000/min
  • Вртежен момент: 1100 Nm при 1750/min
  • Мотор: 6,75 литри V8 со двојно турбонатполнење
  • Забрзување: 0 – 100 km/h за 4,9 секунди
  • Крајна брзина: 305 km/h

[FAG id=26638]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто Volkswagen го избра името Moia за својата 13-та марка

Погон на сите тркала отсега и за „дизелскиот“ Audi TT