за

Оваа тркачка Toyota вари кафе за 170 спанковци

Вкусен доручок што е подготвен свежо и автомобилските трки се две работи што не одат едно со друго. Но, во маркетиншкото одделение на Toyota гледаат поинаку. Тие снимија видео на коешто тркачкиот прототип TS040 за Леман подготвува доручок за 170 спанковци.

Преку оваа инсталација, Toyota покажува колкава е енергијата што се добива со рекуперативната технологија, односно со системот што се користи за повраток на енергијата при секое сопирање со тркачкиот автомобил. Според јапонската компанија која интензивно се подготвува за големо враќање на сите подрачја на мотоспортот, сопирачките на Toyota TS040 на еден круг на Леман произведуваат шест милиони џули. Оваа енергија е доволна да се сварат 171,4 филџани кафе, да се испечат 83,3 тостови и 57,7 јајца на око. Секако дека сите овие работи се подготвени во видеоспотот.

https://youtu.be/ddgvNNw-MbA

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Холивуд обезбеди филмски права за филм за Volkswagen

20-милионитиот посетител на BMW Welt доби X1 на една година