за

Норвешка лани регистрирала 45.000 нови електрични автомобили

Скандинавската земја што ја предводи електричната револуција во светот, лани ја зголемила продажбата на електрични и плагин-хибридни возила за една третина. Продадени се вкупно 44.886 примероци, секој трет нов автомобил во Норвешка користи погон на струја. Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван автомобил на норвешкиот пазар.

Норвешкиот пазар на електрични автомобили продолжува да расте со рапидно темпо. Само во декември, во скандинавската држава се продале 3.596 електрични и плагин-хибридни автомобили, што е за 28 проценти повеќе отколку во истиот месец во 2015 година. Годишната продажба на овие возила достигна 44.886 примероци, што значи дека нивниот удел во вкупната продажба на возила на норвешкиот пазар изнесувал 29 проценти.

Најпродаван електричен автомобил во декември е Tesla Model S со 425 примероци, пред BMW i3 со 412 примероци и Audi A3 e-Tron со 369 примероци. Одлични знаци за продажбата во тековнава година дава и електричната верзија на Hyundai Ioniq, со 293 возила.

Плагин-хибридот на Mitsubishi е најпродаван автомобил во Норвешка

Лани за првпат се случи плагин-хибриден модел да биде најпродаван автомобил во Норвешка. Mitsubishi Outlander PHEV ја заврши минатата година со вкупна продажба од 5.136 примероци, што е за 431 примерок повеќе од вториот најпродаван автомобил и воедно најдобро продаван електричен автомобил, Volkswagen e-Golf. Неговата верзија со плагин-хибриден погон, Golf GTE, се наоѓа на третото место со 4.337 продадени примероци.

https://automedia.mk/objavi/26704

Солидни продажби бележат и доставните возила со погон на струја, со 647 примероци и удел од 1,8 процент: Nissan e-NV200 (319 примероци), Peugeot Partner EV (165) и Renault Kangoo ZE (131). Норвежаните не се двоумат ниту за погонот на водород. Најпродаван модел со водороден погон е Hyundai ix35 FCEV со 13 примероци, втора е Toyota Mirai со десет примероци. Наскоро на пазарот пристигаат и вови модели со погон на водород.

Во Норвешка моментно работат 7.040 обични и 1.117 брзи полначи за струја за електрични возила.

Најпродавани електрични автомобили во Норвешка во 2016

  1. Volkswagen e-Golf
  2. BMW i3
  3. Nissan Leaf
  4. Tesla Model S
  5. Renault Zoe

Најпродавани плагин-хибридни автомобили во Норвешка во 2016

  1. Mitsubishi Outlander PHEV
  2. Volkswagen Golf GTE
  3. Volkswagen Passat GTE
  4. Audi A3 e-Tron
  5. BMW 225xe Active Tourer

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot стартува со продажба на возила преку интернет

Mercedes ќе произведува автомобили во Русија