за

Во Норвешка почнуваат да возат и електрични автобуси

електрични автобуси solaris urbino

Најголемиот превозник во Норвешка, компанијата Boreal Norge AS, својот возен парк ќе го збогати со електрични автобуси Solaris Urbino 12 Electric. Петте автобуси ќе бидат пуштени на редовна линија во следното лето.

Дванаесетметарскиот Urbino Electric изработен по нарачка на норвешниот превозник поседува електрична портална оска ZF AVE 130 со два електромотора вградени непосредно покрај тркалата и погонска спрега од полскиот производител Medcom. Батеријата со капацитет од 146 киловатчасови може да се полни преку стандардните полначи за струја, но ќе се користи и пантограф. Во тој случај, Solaris Urbino ги дополнува батериите и во возење, црпејќи енергија од електричните водови поставени на одредени делници по неговата редовна рута. Модерна варијанта на тролејбус.

Електрични автобуси на Solaris возат низ повеќе европски градови

Електричните автобуси на Solaris веќе се користат во неколку европски градови, меѓу другото и во германскиот Хановер. Новиот Urbino 12 Electric е актуелен носител на титулата автобус на годината.

Без ниту грам штетна емисија, автобусите од следното лето ќе собраќаат на линиите 10 и 13 во градот Кристијансен, на Југот на Норвешка. Од наесен, во Осло ќе стартуваат четири примерока од електричниот Urbino 12, во две претпријатија за јавен превоз.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

unicat md77h освојување на светот

Со ова возило се поаѓа во освојување на светот

Ferrari Portofino

Ferrari Portofino доаѓа во замена за California