за ,

Норвешка ги укинува привилегиите за електричните автомобили

Еден од четири продадени автомобили во Норвешка вози на струја. Владата се откажува од ДДВ за возилото и ги ослободува возачите од секојдневните трошоци. Но, сето тоа е премногу добро за да трае подолго.

Норвешка постепено ќе ги укинува привилегиите за електричните автомобили во земјата. Владината коалиција предводена од конзервативците реши во следните години постепено да ги скусува даночните повластувања за возачите на електрични автомобили. Паралелно со тоа ќе се укинуваат и останатите олеснувања.

[quote_box_right]Политиката и заштитата на примарните владејачки интереси остануваат главна и единствена пречка за масовна електрификација на возниот парк[/quote_box_right]

Околу една четвртина од новите продадени автомобили во Норвешка користат погон на струја. Целиот возен парк од електрични автомобили во државата со пет милиони жители брои преку 50.000 електрични автомобили. Сопствениците на возила на струја досега беа ослободени од плаќање годишен данок за возило. Од јануари 2018, купувачите ќе плаќаат половина од вредноста на данокот за возилото, а една година подоцна ќе ја плаќаат и целата сума.

Норвешката влада реши да го укине и ослободувањето од плаќање данок на додадена вредност при купување нов електричен автомобил. Во замена ќе се користи принципот на субвенции, односно владата ќе плаќа сé додека има пари во предвидениот буџет. Во иднина општините ќе решаваат сами дали електромобилите ќе можат слободно да ги користат лентите за јавниот сообраќај, исто како и да не плаќаат патарина или паркинг на јавните паркиралишта. Тоа најмногу ќе го погоди главниот град Осло и периферијата, каде што најчесто се користат електричните автомобили.

Растот во продажбата на електрични автомобли во Норвешка
Растот во продажбата на електрични автомобли во Норвешка

Приходите од продажбата на автомобили и нивната експлоатација, односно од потрошувачкатата на ковенционални горива, наплата на патарини и паркинг услуги, очигледно дека се пресладок залак дури и за развиените скандинавски држави. Политиката и заштитата на примарните владејачки интереси останува главна и единствена пречка за масовна електрификација на возниот парк.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Симпозиум за мотори во Виена: Ова се новите трендови во развојот на мотори

Спектакуларен центар на Porsche отворен во Америка