за

Кога мотоцикли и автомобили ќе се најдат во пријателски муабет

мотоцикли безбедност bosch

Нова технологија ветува намалување на бројот на незгоди со мотоцикли за една третина. Системот ги разменува податоците меѓу возилата, односно ги предупредува автомобилистите дека им се приближува мотоцикл уште пред тој да се појави во видното поле.

Сезоната на мотоцикли е отворена. Но, тоа за жал значи и дека незгодите со мотоцикли повторно ќе зачестат. Мотоциклистите спаѓаат меѓу најзагрозените учесници во сообраќајот. Ризикот од кобни повреди при незгода, за мотоциклистите е 18 пати повисок отколку за возачите на автомобил.

Останатите возачи честопати не ги забележуваат мотоциклистите, особено на крстосница или при престигнување. Тоа е една од најчестите причини за незгода со мотоцикл. Неколку компании заеднички развиваат безбедносен систем што ќе ја надмине оваа слабост.

Возењето мотоцикли станува побезбедно со новите системи за асистенција

Добавувачот Bosch, производителот Ducati и партнерите Autotalks и Cohda Wireless создадоа еден вид дигитален заштитен костум за мотоциклистите. Идејата е преку заедничка комуникација на автомобилите и мотоциклите да се спречи создавањето на опасните ситуации.

Според процените на Bosch, со оваа комуникација може да се спречи секоја трета незгода со мотоцикл. Германскиот добавувач досега има дадено голем придонес во безбедноста на две тркала, по воведувањето на ABS и контролата на стабилноста за мотоцикли.

Вмрежувањето е следното скалило во безбедноста кај мотоциклите

Вака функционира системот: Возилата на оддалеченост од неколку стотини метри разменуваат информации за типот на возилото, брзината, позицијата и насоката на возење. Информациите се разменуваат до десетпати во една секунда. Тоа значи дека возачите на автомобили дознаваат дека им се приближува мотоцикл долго време пред тој да се појави во видното поле.

bosch motocikli bezbednost 5523

Кога системот ќе препознае опасност, возачите добиваат звучно и визуелно предупредување. Размената на податоци меѓу возилата се врши по пат на таканаречен pWLAN (ITS G5), којшто се базира врз WLAN. На тој начин е можно податоците да се разменуваат за само неколку милисекунди.

Возилата во мирување исто така испраќаат податоци до околината. За податоците да се разменуваат на подолга оддалеченост, се користи т.н. „multi-hopping“. Притоа, информациите се пренесуваат од возило до возило, за нивните возачи да можат навремено и правилно да реагираат.

bosch motocikli bezbednost 2523

bosch motocikli bezbednost 3523

bosch motocikli bezbednost 1523

bosch motocikli bezbednost 4523

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

трка околу податоците од автомобилите

Зошто сите се најдоа во трка околу податоците од автомобилите

Совети за клима-уредот

Совети: Клима-уредот се гасне пред да заврши возењето