за

Нов дволитарски дизел за големите модели на Opel

Најголем успех кај дволитарскиот диозел е постигнат во смиреноста на моторот и потрошувачката на гориво, по пример на 1.6 CDTI

Во период од една година Opel радикално ја обнови понудата од мотори во своите модели. Во Париз ќе дебитира нов голем дизел за големите модели на марката со молњата.

По обновувањето на малите и средните мотори од својата понуда, Opel сега им се посветува на најголемите мотори за најголемите модели. Од 2015 година, под хаубата на знаменосецот Insignia и крстосувачот Zafira Tourer ќе работи дволитарски дизел со 170 КС и вртежен момент од 400 њутнметри. Дволитарецот доаѓа како замена за претходникот со иста работна зафатнина, со 163 КС и 380 Nm. Најголемите придобивки на новата генерација на мотори не се во моќноста, туку во мирната работа и потрошувачката на гориво. Opel уште не ги објавува конкретните бројки.

Системот за впрскување сега работи под притисок од максимално 2.000 бари и го впрскува горивото во најмногу десет порции по циклус, зависно од условите на возење и моментното оптоварување на моторот. Opel открива дека биле извршени компјутерски симулации со 80 различни форми на коморите за согорување, вшмукувачките канали и системот за впрскување, пред да се покаже најдоброто решение. Турбополначот во новиот мотор за прв пат во Opel ќе користи електронски регулиран активатор, место вакуум, со што реакцијата на моторот се подобрува за 20 проценти.
Големиот дизел е дел од темелното обновување на понудата на мотори и следи по ланското претставување на 1,6-литарските бензинци и дизели, како и еднолитарскиот трицилиндарец.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi A6: Фејслифт за бизнисменската лимузина

52 невозени „Тојоти“ скапуваат четири децении во подземна гаража во Кипар