за

Ново од Volvo: Директна достава на пратки до Вашиот автомобил

Швеѓаните смислија систем кој овозможува производи нарачани преку интернет да бидат доставени директно на адресата на паркираниот автомобил. Корисникот отклучува преку мобилен.

Со новата техника на Volvo се овозможува возилото да биде наведено како одредиште за испорака на производите коишто сопственикот на возилото ќе ги нарача преку интернет-сервисите. Суштината на системот се состои во користењето на дигитален клуч. Кога службата за испорака ќе пристигне до возилото да ги остави производите или да земе производи од него, сопственикот на возилото добива порака преку паметен телефон или таблет.

volvo dostava 2

Откако ќе ја прифати испораката, сопственикот на возилото му го испраќа дигиталниот клуч на доставувачот, со можност да следи кога возилото ќе се отклучи и повторно ќе се заклучи. По извршувањето на доставата или преземањето, дигиталниот клуч се брише. Системот се базира на апликацијата за телематика Volvo On Call, којашто меѓу другото овозможува кабината на возилото да се загрее или излади преку далечинска команда од паметниот телефон. Апликацијата ја прикажува и локацијата на паркираното возило, како и наполнетоста на резервоарот.

Новата техника за достава е тестирана во пилот проект со 100 учесници. Од нив, дури 86 проценти потврдиле дека заштедиле многу време со флексибилната услуга. Покрај тоа, иновативната услуга заштедува и пари, како и непотребно користење на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi го одложува стартот на новите A4 и Q7

Golf GTE ќе биде GTI меѓу хибридните возила