Излезе вториот број на магазинот што Опел Македонија го објавува на својот портал. Носечка тема е новата генерација на Opel Corsa, покрај историскиот преглед на 50-годишнината на дизајнерскиот центар на марката.
Излезе вториот број на онлајн магазинот што компанијата Opel го објавува на официјалниот портал во Македонија, со содржини за сите што сакаат од прва рака да ги дознаат најважните случувања во компанијата на глобално и локално ниво, за тековните акции и идните планови на компанијата. Читателите можат да се информираат за новите модели и технологии на Opel, за овластената продажно сервисна мрежа, да добијат ексклузивни совети и да прочитаат интересни искуства од сопственици на возило од марката, како и од вработените во Opel. Главната тема во вториот број е посветена на петтата генерација на Opel Corsa, а има и интересна тема за 50-годишнината на дизајнерскиот центар на марката од Риселсхајм.