за

Нови фотографии од тестирањето на Skoda Superb

Пред само неколку денови се појавија фотографиите од прототипите на идниот знаменосец на Skoda. Во меѓувреме Superb ги отфрли маскирните фолии и го прикажува конечниот изглед.

На неполни три месеци до премиерата во Прага, новиот Skoda Superb се крие сé помалку од јавноста. Чешката лимузина се појавува по улиците речиси немаскирана и со црвена боја којашто е невообичаена за тест-прототипите. Со фолија се покриени единствено делот околу светлата и маската, додека задниот раб на страничните прозорци е лажно продолжен со црна фолија. Контурите на Опашот на Superb исто така се распознаваат јасно. Единствено конечната форма на задните светла не се гледа под црвената фолија.

По светската премиера во Прага и претставувањето на салонот во Женева во март, Superb ќе стартува со продажба во средината на следната година. Во почетокот ќе се нудат трите дизел мотори од новиот Passat, 1,6-литарски со 120 КС и дволитарски мотор со 150 и 190 КС. Согласно трендот на даунсајзинг, шестцилиндарците повеќе нема да се вградуваат во Superb. Основен бензинец ќе биде 1.4 TSI со 125 КС, додека врвот ќе биде резервиран за дволитарски TSI со 280 КС.

Од Skoda неодамна ги објавија и официјалните дизајнерски скици, на коишто јасно се гледаат цртите на новиот Superb. Според нив, големата лимузина го презема стилот на студијата VisionC, којашто беше прикажана на салонот во Женева во март. Највпечатлив детал е страничната линија во висина на рачките на вратите, по целата должина на каросеријата. Од студијата потекнуваат и наборите по должината на хаубата. Со линијата на покривот во стил на купе-лимузина и поголемата ширина на каросеријата, Superb ќе добие поспортски изглед.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus ќе го претстави конкурентот на BMW M5 во Детроит

Honda NSX пристига како ѕвезда на салонот во Детроит