за

Нови и поевтини модели од класите A, B и монструм од CLA

Швабите го прават влезот во гамата подостапен со A 160 CDI и B 160 CDI, но во исто време го заокружуваат врвот на понудата со CLA 45 AMG со погон на сите тркала и 360 КС.

Нарачките за новите модели на Mercedes можат да стартуваат веќе од овој месец, а првите испораки ќе бидат во септември. Новите основни модели со дизелски мотор A 160 CDI и B 160 CDI имаат по 90 КС и во просек трошат по 3,8, односно 4,1 литри дизел. Нов мотор во гамата на класата B е дволитарски бензинец со турбонатполнење и 184 КС, во B 220 4Matic, во комбинација со погон на сите тркала. Други новитети се B 180 CDI BE со 109 КС и оптимирана потрошувачка од 3,8 литри дизел, како и спортските купеа CLA 250 4Matic и CLA 45 AMG.

Familienbild - A-Klasse (W176) , CLA-Klasse (C117) und B-Klasse (W246) - 2013

Место со 1,8-литарски дизел, моделот B 180 CDI отсега ќе вози со 1,5-литарскиот мотор, познат мотор на Renault, новиот партнер на марката со ѕвезда. Моќноста останува непроменета со 109 КС, но потрошувачката се намалува од 4,4 на 4,1 литри.

CLA по стапките на големиот брат CLS

Купе лимузината CLA 45 AMG 4MATIC ја следи филозофијата на CLA 63 AMG. Со моќност од 360 КС и вртежен момент од 450 њутнметри, тука работи најсилниот четирицилиндарец во светот, кој во исто време одушевува со штедливоста и чистата емисија за EU6. Просекот според фабрика изнесува 6,9 литри. Погонот на сите тркала повеќе е ориентиран за динамика, отколку за отежнати услови на патот и со него CLA забрзува за 4,6 секунди до сто, што е меѓу највпечатливите вредности во конкуренцијата.

По традиција, почетокот на продажбата на најспортскиот CLA е одбележан со специјалната изведба Edition 1, која ќе се изработи во ограничена серија. Моделот се препознава по ноќниот пакет, црвените детали во маската и ретровизорите, како и по препознатливите сиви ленти на AMG над праговите. Зад бандажите лакирани во мат црна боја се наѕираат црвени сопирачки клешти. Црниот спојлер на задниот капак го зголемува потисокот при побрзо темпо.

Погонот 4Matic со приспособлива распределба на вртежниот момент го поседува и CLA 250 4Matic со 211 КС, забрзување до сто за 6,6 секунди и крајна брзина од 240 km/h. Според фабрика, просекот е 6,4 литри на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата марка на Nissan го покажа изгледот на првиот модел

Inviniti FX за подарок за роденденот на Себастијан Фетел