за

Новитет на втор поглед: Jaguar XF

6. JAGUAR XF, продадени примероци 9,757 (-12.6%)

Првата генерација на XF воведе револуција во дизајнот на Jaguar. Наследникот во тој поглед е многу поскромен. Неговите вистински вредности се сокриени од погледите, а дел од нив се и во самиот метал.

Марката со дивата мачка засекогаш се збогуваше со барокните каросерии со претставувањето на првата генерација на лимузината од вишата средна класа во 2007 година. Втората генерација на XF нема да предизвикува толкави изненадувања кога за десетина денови ќе биде претставена премиерно на салонот во Њујорк. Но, тоа што дизајнот на каросеријата не оддава впечаток дека е постигнат голем напредок кај новиот модел, не мора да значи дека и навистина не се работело под ламарината на конкурентот на серијата 5 на BMW и Audi A6.

jaguar xf 620150324Изгледот не се промени, но материјалот … да! Дури три четвртини од каросеријата сега се изработени од алуминиум. Со тоа, новакот тежи 180 килограми помалку во споредба со претходникот, чијашто каросерија беше целосно изработена од челик – односно 80 килограми помалку од најблискиот конкурент. Тоа произлегува од новата платформа со лесна конструкција, којашто се користи кај штотуку претставениот модел од вишата средна класа. Британците се толку горди на постигнатото намалување на тежината на новиот модел, што на претпремиерата во Лондон го пуштија скапоцениот автомобил да балансира возејќи по жица оптегната над вода.

Верзиите со V8 со компресорско натполнење и 500 КС следуваат подоцна

Идните купувачи ќе профитирираат од лесната конструкција преку ниската потрошувачка на гориво, секако, заедно со возните својства. Најштедливата варијанта на лимузината ќе вози со новиот дволитарски дизел и според производителот ќе троши 3,9 литри гориво на сто километри, што претставува солидно достигнување при моќност од 163 КС и работна зафатнина од два литри. Врвот во понудата на дизел мотори му припаѓа на трилитарскиот мотор со битурбонатполнење и 300 КС, додека средината ја пополнува верзијата на дволитарскиот дизел со 180 КС. Понудата од бензински се сведува на две верзии на трилитарскиот мотор, обете со компресорско натполнење и со моќност од 340, односно 380 КС, исто колку и во купето F-Type. Осумцилиндарците од претходникот засега отуствуваат од понудата, но затоа остануваат верзиите со погон на сите тркала.

jaguar xf 420150324Изгледот не се промени драстично во споредба со претходникот. Потрагата по разликите може да потрае долго. Главниот дизајнер Јан Калум повеќе ги нагласил „рамениците“ на каросеријата, односно линијата што се протега по целата должина на возилото под прозорците. Посигурно е да се погледне задниот дел, каде што издувните цевки повеќе се приближени еднододруго отколку порано. Британската премиум марка на тој начин негува стил на препознатливост, односно новиот XF јасно покажува дека е дел од истата марка со помалечкиот модел XE и со престижната лимузина XJ. Најсилните белези на Jaguar и натаму се големата маска и предните светла, но и силуетата што поседува умерена нота на купе.

Конечно просторна кабина како што доликува на класата

Новиот модел од кралството е покус и понизок од актуелниот модел. Меѓуоскиното растојоание порасна за пет сантиметри, на сегашни 2,96 метри, од што може да се очекува поголема просторна понуда во кабината. Додека кај актуелниот модел дури и патници со среден раст допираат со колената во предните седишта, сега британската лимузина конечно ќе го нуди просторниот комфор што е вообичаен во класата.

jaguar xf 120150324

Големо подобрување во споредба со претходникот е секако и дизајнот на кокпитот, којшто повеќе не изгледа толку разиграно. Главен елемент е новиот мултимедиски систем, во замена за средишниот дисплеј на стариот XF, којшто имаше многу груба резолуција и крајно нелогично ракување. Сето тоа, во вообичаениот стил на британското производство на автомобили, оди во задолжителна комбинација од многу кожа, дрво и метал, конкретно алуминиум. На тој начин, XF изгледа многу поблагородно и посериозно.

Новата лимузина ќе има значајна улога во стратегијата на Jaguar за зголемување на продажбата на возила на глобално ниво. Пред две години, продажбата забележа зголемување од 30 проценти, првенствено со воведувањето на F-Type. Во следната година, продажбата по малку стагнираше, во отсуство на нови модели, но во оваа година продажбата ќе продолжи по нагорна линија, со воведувањето на моделот од средната класа ХЕ, како и со XF. В година им се придружува и кросоверот F-Pace. Големата лимузина ќе стартува со продажба во септември, прво на домашниот пазар, а еден месец подоцна ќе започне и испораката за целиот европски пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео: Новиот Jaguar XF го направи најдолгото возење по жица

Претставена новата генерација на Jaguar XF (Галерија)