Најмалечкиот модел на Ford во идната генерација ќе се продава и во изведба со пет врати. Папараците ги уловија прототипите кои се пуштени на завршно тестирање во реални услови на сообраќај.
Идната генерација на Ford Ka ќе порасне во должина и ќе се скуси во цената. Место да се позиционира како трендовски автомобил, по примерот на Opel Adam, градското автомобилче на Ford ќе ја примени формулата на многу простор во кабината за малку пари. Исто како со другите семејства на модели, Ka се развива како модел што ќе се нуди во непроменета изведба во сите региони каде што е присутна марката. Како основа за моделот ќе послужи скусена верзија на платформата од претходната генерација на Fiesta. Моторите ќе бидат од актуелната генерација трицилиндарци од семејството Ecoboost, со моќност и до 80 КС во верзиите без турбонатполнење. Пазарниот старт на новата Ka се очекува в година.