за

Новиот Ford Focus RS ќе напаѓа со 350 КС

Германците го користат фејслифтот на популарниот модел за претставување на најлутата верзија RS. Моментно се вршат завршни дотерувања на тркачката патека во Нирбургринг.

Маскирани прототипи од идниот Focus RS се во завршно тестирање на Нирбургринг, со каросерија и пакет спојлери што потекнуваат од стандарднот модел ST со 250 КС, но големиот интеркулер напред и масивниот издувен систем укажуваат дека сепак се работи за нешто поразлично. Под хаубата на новиот RS работи 2,3-литарски EcoBoost со турбонатполнење, којшто се вградува и во Mustang. Овој мотор во спортското купе постигнува 309 КС, а за најлутата верзија на Focus може да се очекува моќност во дијапазон меѓу 330 и 350 КС. Последната верзија RS од втората генерација на Focus имаше 2,5-литарски петцилиндарец со турбонатполнење и 305 КС.

Вообичаено, изгледот на RS ќе се разликува од стандардната верзија на Focus, со агресивен спојлер и со поиспакнати прагови. Назад следи браник во истиот спортски стил, со дифузор со двон издув во него и со впечатлив спојлер. За моќта на четирицилиндарецот да се пренесува во целост на асфалтот се грижи електронска блокада на диференцијал. Сопирачките ќе бидат со поголеми димензии, додека подвозјето ќе биде целосно ориентирано на врвна спортска динамика. Во кабината доминираат масивни спортски седишта, украсни панели од алуминиум на таблата и логоа RS. Цената на новиот Ford Focus RS ќе се движи околу 35.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата Chevrolet Niva ќе се појави на салонот во Москва

Tesla го постави 50-от полнач за електромобили во Европа