за

Новиот Audi Q7 претставен на врвот на Водно

Технолошки најнапредниот автомобил во класата, Audi Q7, имаше ексклузивна промоција на врвот на Водно. Со оваа симболика, Порше Македонија укажува на врвното место што му припаѓа на овој луксузен модел.

Настанот на кој присуствуваа новинари и вљубеници во убавецот на четири тркала беше организиран од „Порше Македонија“ со цел да се претстави автомобилот кој по излегувањето на светскиот пазар беше окарактеризиран како луксузен, комфорен, но со спортска едноставност.  Знаменосецот на семејството спортско корисни возила од Audi, моделот Q7 со својата совршеност веќе ги привлече и светските ѕвезди како Шакира, Џастин Тимберлејк и Никол Кидман како и дел од фудбалерите на трофејните Баерн Минхен, Барселона и Реал Мадрид.

„Порше Македонија“ го лансира новиот „Audi“ „Q7“ на македонскиот пазар веднаш по светската премиера на моделот што е вистинска потврда за нашето успешно работење. Со овој прекрасен нов модел ние ја прошируваме нашата понудата во премиум сегментот за целосно задоволство на клиентите.“ – изјави Генералниот Менаџер на Порше Македонија г-дин Златко Муцунски, поздравувајќи ги присутните на презентацијата на новиот Q7.

Благодарение на лесната конструкција Q7 е најлесен автомобил во својата класа со максимална тежина од 1.995 килограми. Воедно е поекономичен од неговиот претходник и потрошувачката на гориво е намалена за 26%. Неговите надворешни димензии се помали, но внатрешниот простор е поголем така што во ова возило има повеќе простор за патниците и за багажот.

Новиот „Audi Q7“ е приказ на компетентностa на брендот со четири прстени. Со самото тоа што тежи 325 килограми помалку поставува повисоки стандарди во својата класа. Поекономичен е во споредба со својот претходник и опремен е со најнови системи за помош на возачот, информативно – забавен систем и бројни опции за поврзување.

Овој автомобил е издвоен како исклучително комфорен, но во исто време ги нуди сите перформанси кои ги имаат и спортските модели на Audi. „Од неговото прво појавување на пазарот во 2006-тата година до денес  Audi Q 7 е продаден во повеќе од 500.000 примероци, за конечно по 9 години да имаме можност да уживаме во најновиот модел кој веќе е изложен во салонот на Audi во Скопје. Audi Q7 има ексклузивен изглед, нуди повеќе простор, технологија, перформанси, економичност и комфорот. Audi Q 7 е првото возило од концернот изградено на новата платформа што придонесува за помала тежина, многу подобра управливост и намалена потрошувачка. Долга е листата на стандардна и дополнителна опрема како и нови напредни системи за помош на возачот, а секако тука е и новиот незаменлив „Quattro“ погон на сите тркала. Сето тоа го прави ова спортско корисно возило лидер во класата“  – потенцираше Бренд Менаџерот за Audi во Македонија г-динот Винко Марашевиќ.

Со димензии од 5050x1970x1740 mm и меѓуоскино растојание од 2990 mm новиот Q7 е за 37 mm пократок и 15 mm понизок од претходникот, но со повеќе простор од 21 mm помеѓу првиот и вториот ред седишта со што зголемен е внатрешниот комфор. Audi Q7 има импресивен коефициент на отпор за оваа класа на возила од само 0.32 Cw.  На почетокот Q7 ќе биде понуден со три литарски V6 TDI мотор со 272 КС кој забрзува од 0 до  100 km/h за 6.3 секунди и ја достигнува максимална брзина од 234 km/h. Притоа има респектибилна потрошувачка од 6.2 l/100 km во град и емисија на CO2 од 149 g/km. Од бензинските мотори ќе биде достапен три литарскиот V6 TFSI мотор со 333 КС, а од Јануари наредната година ќе биде достапен  и три литарскиот V6 TDI мотор со 218 КС. Нешто подоцна најавен е и три литарскиот  V6 TDI мотор во плагин хибридна  технологија наречен Q7 е-tron кој заедно со електричниот мотор испорачува 373 КС.

Врвната технологија  се потврдува и преку бројните напредни системи за помош како на пример системот кој сигнализира отворање на врати во сообраќај, системот кој го запира возилото доколку детектира потенцијален судир, полу – автономно управување при кое возилото самото забрзува, сопира и се управува. Audi Q7 може самостојно да се паркира, а голема помош при управување на мал простор со приколка овозможува системот „Trailer Maneuver Assist“.  Во понуда е и третиот ред на седишта со електрично управување.  Достапни се и познатите „Lane assist“ – систем за движење во лента, „Night vision“- систем за ноќно гледање, „Virtual cockpit“ – Audi инструмент таблата од иднината, „систем за озвучување со 3D звук“, „Audi connect“ – системот за поврзување кој вклучува 4G интернет, Apple Car Play и Google Android Auto plus, MMI навигација плус со 8.3 инчен монитор.

„Audi Q7 е еден од првите автомобили во светот кој овозможи функции на поврзување со паметен телефон со Google Android Auto и Apple CarPlay. Една од многуте предности на овој модел е и сеопфатната понуда на нови системи за помош на возачот и во таа сфера се уште е ненадминат од ниту едно друго возило на пазарот“ – изјави г-динот Александар Цветковски продукт менаџер во Порше Македонија објаснувајќи ги напредните системи кај новиот Audi Q7.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes го враќа купе-моделот во класата C

Porsche Boxster Spyder: Ова Porsche нема речиси ништо, а нуди многу повеќе