за

Новиот A4 му носи зголемена продажба на Audi

Позитивниот тренд во продажбата на марката Audi продолжува и во февруари, за што во моментов најмногу придонесува новиот A4, со над 130.000 нарачки. Голем поттик се очекува и од стартот на новиот Q2.

По добриот почеток на годината, продажбата на Audi продолжува по нагорна линија и во февруари. На светско ниво, марката од Инголштат продаде 126.500 автомобили (+3,3%), додека уште поголем пораст доаѓа од европскиот пазар, со 65.150 возила или плус 8,1 проценти. Последново е резултат од пазарниот старт на новиот Audi A4, со 22.650 продадени возила во минатиот месец. За новиот модел од средната класа досега има над 130.000 нарачки.

Audi Q2 стартува со продажба во последното тромесечје од годинава
Audi Q2 стартува со продажба во последното тромесечје од годинава

Дополнителен поттик ќе следува по стартот на продажбата на три нови модели од сегментот на спортските теренци, Audi Q2, хибридниот Q7 e-tron и спортскиот SQ7. Хибридната изведба на големиот спортски теренец пристига во салоните во текот на летово, заедно со екстремниот спортист SQ7, за во последното тромесечје да следи и стартот на компактниот Audi Q2, штутуку претставен на салонот во Женева. Постоечките модели во овој сегмент во февруари забележаа зголемена продажба од 12,5 проценти, со 37.900 возила.

Покрај A4, за позитивното одвивање на продажбата во Европа придонесуваат и моделите од врвните сегменти, A6, A7, Q7 и A8, со раст од 11,0 проценти во февруари и 10.900 продадени примероци. Сите клучни пазари на континентот се во плус: Германија (11,8%), Велика Британија (+7,3%), Франција (+9,4%), Италија (+12,1%) и Шпанија (+6,9%).

Напролет ќе започне и продажбата на новиот A4 во САД. Во претходниот месец, Audi на овој пазар продаде 11.718 возила или за 2,3 проценти повеќе отколку во ланскиот февруари. На канадскиот пазар одлично се одвива продажбата на Q7. Во Кина, продажбата во февруари обично стивнува, но и покрај тоа е постигнат раст од 1,3 процент, со 34.152 возила. Највисок раст во регионот на Азија и Пацификот забележа австралискиот пазар, со 18% и 2.006 продадени возила, првенствено модели од сегментот на спортските теренци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џејмс Бонд ќе вози автомобил со погон на батерии?

Кои средства се најдобри за чистење на штофот во автомобилот