за ,

Нова технологија на очила го трга кошмарот од ноќното возење

Производителите на очила користат нова технологија за намалување на заслепувањето од светлата на другите автомобили при ноќно возење.

Ноќното возење е непријатно за многумина возачи. Денешните автомобили поседуваат светла што одлично го осветлуваат патот, но со тоа предизвикуваат и проблеми за возачите што се разминуваат и се заслепени од силната светлина. Бројни истражувања покажале дека не е мал бројот на луѓе на кои им пречи ноќното возење. Приближно половина од возачите чуствуваат заслепување од светлата на другите автомобили при ноќно возење. Автомобилската бранша располага со техника што помага да се намали штетното влијание, како светла што го приспособуваат светлосниот сноп според условите на возење, но оваа техника уште е скапа и достапна е само како дополнителна опрема во мал дел од возилата.

Новата технологија користи повеќе слоевиод метални пареи, место фолии или колорни филтри, со кои се намалува заслепувањето при ноќно возење
Новата технологија користи повеќе слоеви од метални пареи, место фолии или колорни филтри, со што се намалува заслепувањето при ноќно возење

Производителите на очила го имаат согледано проблемот што го предизвикува модерната автомобилска техника и развија решенија користејќи иновативна технологија. Досега на пазарот беа достапни само очила со жолт или портокалов филтер, кој помага да се намали заслепувањето, но од друга страна, тие го намалуваат контрастот на видот и само уште повеќе ја влошуваат ситуацијата. Во темнина се намалува острината на видот, поради тоа што функционира само дел од рецепторите во ретината.

Новите генерации на очила, меѓу кои се производите од реномираните производители Zeiss или r+h, имаат стакла без затемнување или колорен филтер и оптимирани се за ноќно, но и за дневно возење, без ограничувања во секојдневието. Моделот EyeDrive на производителот r+h, поседува специјален систем од осум слоеви, кои се грижат да добар вид и при заслепување од светлата од другите возила или објекти. Место фолии, на стаклата се нанесуваат слоеви од разни метални и силициумски оксиди по пат на термичко испарување. Независните испитувања во практика имаат покажано дека технологијата навистина функционира. Кај производителот Zeiss, технологијата се води како Drivesafe.

Новата технологија на очила за возење е посебно корисна во денешно време кога на патиштата има голем број возила со ксенонски или диодни светла. Проблемот се јавува поради тоа што светлосниот извор е значително помал во споредба со обичните светла и соодветно на тоа свети посилно, а во одредени ситуации и непријатно. Покрај тоа, некои светла имаат и повисока температура на боја, односно преоѓаат во синиот спектар и предизвикуваат непријатност. За споредба, обичните светла имаат температура на боја од 2.700 келвини, халогените светла 3.200, ксенонските светла 4.200 келвини, додека светлечките диоди, кои обично се користат за дневните светла, со 5.500 келвини се најблиски до дневното светло, чија температура на боја изнесува 6.500 келвини.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

2 коментари

Одговори
    • Почитувана, не би можеле да Ви посочиме во кои продавници може да се набават очилата, ние само ја објавуваме веста дека производителите Zeiss и r+h имаат развиено нова технологија на очила за ноќно возење. Веројатно би можеле да проверите во кои наши продавници за очила се достапни производите на Zeiss и r+h.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричните автомобили мамат за потрошувачката на струја

еколошките автомобили британија

Британската влада инвестира 40 милиони фунти во полначи за електромобили