за

Нова серија краш-тестови на EuroNCAP: Еднаш со три, еднаш со пет ѕвезди

Пет нови модели беа испратени на серија краш-тестови кај Euro NCAP во Брисел. Audi Q2, Hyundai Ioniq и Ford Edge го минаа тестирањето беспрекорно, а некои ги добиваат максималните пет ѕвезди единствено во верзија со опционален систем за самостојно запирање при опасност од судир. Корејскиот Ssangyong ниту во тој случај не може да освои повеќе од четири ѕвезди.

Европскиот заштитник на безбедноста на возилата EuroNCAP стави пет нови модели на својата строга серија краш-тестови. Audi Q2, Ford Edge, Hyundai Ioniq, Ssangyong Tivoli и Suzuki Ignis мораа да ја докажуваат цврстината во најразлични сценарија на судир. Првите три модели успеаја да ја совладаат тест процедурата без забелешки и со максимална оцена, додека Tivoli и Ignis ги добија петте ѕвезди само во верзија со дополнителна безбедносна опрема. Во стандардната изведба, тие добиваат само три ѕвезди.

Најдобри резултати во оваа серија покажа Audi Q2, меѓу другото благодарение на сериски вградениот систем за самостојно запирање при опасност од судир. Компактниот кросовер од Инголштат се покажа примерен и во поглед на заштитата на возрасни патници и деца. Пет ѕвезди освои и Ford Edge, кадешто системот за сопирање при опасност исто така се вградува сериски. Кај големиот брат на Kuga, сепак е регистрирана зголемена опасност од повреда за патниците на задната клупа и за децата.

Опасност од провлекување на телото под безбедносниот ремен кај Hyundai

Hyundai Ionic ги доби максималните пет ѕвездички, повторно благодарение на серискиот систем за спречување судир. Конзорциумот EuroNCAP сепак пријави зголемена опасност од повреда за патниците на задната клупа, поради можниот ефект на провлекување на телото под безбедносниот ремен.

Резултатите за Ssangyong Tivoli и Suzuki Ignis зависат од безбедната опрема што е вградена во возилото. Кај новиот Ignis беа регистрирани поголеми напрегања за предните патници при челен судир. Децата исто така се изложени на поголема опасност од повреда. Во основното ниво на опременост, Ignis доби само три ѕвезди, но и тој поминува со максимална оцена доколку се опреми со опционалната асистенција за сопирање при опасност од судир.

Оваа важна ставка од безбедносната опрема исто така е достапна како опција во корејскиот Ssangyong Tivoli, но ниту таа не му помага да освои повеќе од четири ѕвезди кај EuroNCAP. Без асистенција за сопирање, Tivoli заслужува само три ѕвездички. Експертите тука го критикуваа напрегањето на телото на патниците на задната клупа при челен судир, а утврдија и неколку пропусти во заштитата за децата.

[FAG id=26534]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Moia е новата марка на Volkswagen за услуги за мобилност

samsung, роботски автомобили

Apple потврди дека развива технологија за автономно возење