за ,

Нова серија краш тестови: Добро за патниците, лошо за пешаците

Десет автомобили ја докажуваа безбедноста на краш тестот на EuroNCAP. Некои од нив минаа добро, некои лошо. Уште постојат пропусти во заштитата на пешаците.

Во последната серија краш тестови на EuroNCAP учествуваа десет модели од различни класи, почнувајќи од градската класа со вановите. Шест од нив добија максимални пет ѕвезди, а останатите минаа со задоволителни четири ѕвезди.

Четирите возила што беа оценети со четири ѕвезди имаат проблеми првенствено во заштитата на пешаци. Услов за добивање пет ѕвезди е возилото да постигне најмалку 60 проценти во заштитата на пешаците, а овие возила постигнаа најмногу 58 проценти. Но, ниту возилата што добија пет ѕвездички не се многу над границата од 60 проценти. За споредба, Volkswagen T5 постигна само 32 проценти во заштитата на пешаци, што би имало фатални последици при евентуален удар во пешак.

Кај некои модели се јавуваат пропусти и во другите подрачја од безбедноста. Кај неколку возила беа измерени високи вредности при тест со столб, со кој се симулира страничен удар во дрво или бандера. Овие вредности се најголеми кај Mazda 3 и електричниот BMW i3, каде што доаѓа до големо оптоварување во подрачјето на градите. Друга слаба точка кај некои од возилата е ударот одзади, кога настанува опасно оптоварување врз вратните прешлени на патниците. BMW i3, Nissan Note, VW T5 и Maserati Ghibli имаат пропусти во ова подрачје.

Овие модели освоија 5 ѕвезди на EuroNCAP

  • Ford Tourneo Connect
  • Infiniti Q50
  • Maserati Ghibli
  • Mazda 3
  • Mitsubishi Outlander PHEV
  • Peugeot 308

Овие модели освоија 4 ѕвезди на EuroNCAP

 

  • BMW i3
  • Ford Ecosport
  • Nissan Note
  • Volkswagen T5

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda гради фабрика во Бразил

Четири минути излегување од паркинг: Од готово вересија