за

Нова доминација на Google: И автомобилите ќе работат на Android

Google е на пат да го внесе мобилниот оперативен систем Android во автомобилите и за таа цел започна соработка со Audi, GM, Honda, Hyundai, како и со производителот на чипови Nvidia.

Партнерите во „Отворената автомобилска алијанса“ заеднички ќе развиваат технологии и апликации коишто ќе го претворат автомобилот во платформа за Android. Цел на алијансата е користењето на мобилниот оперативен систем да се приспособи според потребите на возачите на автомобили, особено во поглед на интуитивноста во ракувањето.
Освен мобилните уреди, со автомобилот ќе може да се поврзат и очила за пренос на податоци или паметни часовници, односно истите да се користат и за комуникација и навигација, а не само за забава. Уште во текот на годинава ќе бидат претставени првите прототипи на таканаречени „поврзани автомобили“. Партнерите уште не откриваат кои модели ќе се продаваат со новата техника.
Конкурентот Apple уште од средината на минатата година соработува со Mercedes, Honda и Nissan во развојот на возила што го користат оперативниот систем iOS на Apple.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Corsa со фабричка грешка: Корозија ја напаѓа хаубата

Кина ќе стане најголем пазар за Porsche