за

Новата Giulia ќе ја враќа славата на Alfa Romeo

Шефот Маркијоне не сака на Alfa Romeo да и се случи истата судбина како на Lancia. На крајот на 2015 година пристигнува нова Giulia со која што ќе се враќа некогашната слава на миланската марка.

Во минатата година имавме малку убави вести за марката со змија во логото. Единствен светол момент беше претставувањето на чистокрвното спортско купе 4C, како вистинско освежување на понудата што се сведе на само два модела, Mito и Giulietta. Но, вистинската ренесанса на Alfa штотуку претстои. На крајот на 2015 година ќе стартува нова генерација на Giulia, како сериозен конкурент на серијата 3 на BMW.

Серџо Макијоне уште на салонот во Детроит објави дека се работи на новата фаза на Alfa, со темелни промени во стратегијата и во позиционирањето на марката. Тогаш шефот на групацијата Fiat најави дека „до крајот на 2015 година ќе ги видите автомобилите што го претставуваат повторното воздигнување на Alfa.“

alfa romeo giulia nazad

Компјутерскиот рендер прикажува како би можело да изгледа идната лимузина од средната класа, со препознатливата маска на Alfa и со светла развлечени наназад, со нагласени рабови по страниците на каросеријата и со издолжени задни светла. Според тоа, Италијанците се откажуваат од дизајнерски спектакли и повеќе се ориентираат кон класичниот стил, затоа што и клиентите во оваа класа не очекуваат ништо повеќе од тоа. Затоа, пак, повеќе внимание се посветува на тоа што се крие под ламарината.

На неодамна завршениот салон во Женева шефот Маркијоне зборуваше дека на марката ѝ се потребни лесни модели со заден погон, со добар изглед и моќни мотори, по кои што порано беше позната Alfa. Новата Giulia е прва фаза во реализацијата на планот. Се најавуваат многу технички иновации кои што за прв пат ќе бидат достапни во браншата.

Маркијоне учи од грешките во минатото: „Немавме архитектура со преден погон се додека не се појави Fiat. Треба повторно да размислиме околу овие работи, за нашите модели да станат релевантни. Погледнете го 4С – таква креативност и генијалност треба да поседува секоја Alfa.“

alfa romeo suv

За да се освојат пазарите во САД и Кина, во следните три години Alfa постепено ќе се откажува од помалите модели со преден погон и ќе се ориентира на гама од поскапи модели за глобалниот пазар, предводена од Giulia. Веднаш по лимузината, во 2016 година ќе следуваат спортски теренец и кросовер базиран на Giulietta. Понатаму се планира и конкурент на серијата 5 на BMW. За следната година планираниот родстер со култното име Spider може да премине под знакот на Abarth или Fiat.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Револуционерна идеја: Полнење батерии директно од Месечината

Данска: Поголем брзински лимит за поголема безбедност?