за

Новата Chevrolet Niva ќе се појави на салонот во Москва

Партнерите General Motors и Avtovaz преку студија ќе ја најават новата генерација на теренецот Chevrolet Niva на претстојниот салон на автомобили во Москва.

На првите фотографии од студијата на идната Chevrolet Niva се забележуваат само контурите на возилото што ќе доживее премиера на 27-ми август, но доволно е да се препознаат неколку детали што укажуваат дека новакот нема да биде урбан кросовер, туку способен теренец, со робусни гуми за терен, заштита на подвозје, со големо растојание од подлогата, подигната издувна цевка и динамична линија на каросеријата. Постојаниот погон на сите тркала е стандард во погонската спрега, а место 1,7-литарскиот бензинец со 80 КС од актуелниот модел, во идната Niva веројатно ќе работи 1,8-литарски бензинец од PSA Peugeot Citroen со 136 КС.

Моментно Chevrolet Niva се соочува со голем пад во продажбата на рускиот пазар. Наследникот ќе стартува со продажба дури во 2016 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Иниеста и Силва се новите амбасадори на Nissan

Новиот Ford Focus RS ќе напаѓа со 350 КС