за

Никој не пријавува повеќе патенти од Toyota

Корпорацијата Toyota е светски шампион во пријавување пронајдоци од подрачјето на автомобилизмот. Само лани Јапонците пријавиле близу 14.000 патенти.

Секој четврти пронајдок што бил патентиран во подрачјето на автомобилската индустрија во текот на 2013 година му припаѓа на јапонскиот концерн Toyota. Од повеќе од 53.000 патенти во целата бранша лани, 14.000 се во сопственост на јапонскиот авто гигант. Второпласираниот на оваа листа има двапати помалку пронајдоци. Toyota ги заштитува првенствено пронајдоците во погонот и погонската спрега. Дури 92 проценти од пронајдоците се во подрачјето на алтернативниот погон. Какви точно пронајдоци има Toyota, ќе дознаеме наскоро во новите модели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover го најавува новиот Freelander за салонот во Њујорк

Од скапо поскапо: Златно Ferrari по улиците на Лондон