за

Не мора секогаш да биде кабриолет: 50 спортски мотоцикли во музејот на Audi

Додека е актуелно претставувањето на кабриолетот од серијата A5, Audi прикажува уште едно решение за љубителите на свежиот воздух во возење. И на брзините, на големите брзини. Педесет мотоцикли во специјалната изложба „More Than Red – Passione Ducati“ ја прикажуваат возбудливата историја на италијанската марка, сега во сопственост на Audi.

Во исто време додека пред светот премиерно го претставува A5 Cabrio, Audi организира специјална изложба за италијанската марка што се поврзува со емоциите во возење, исто колку и автомобилите на Audi. Од јули 2012, марката Ducati е во сопственост на марката со четирите прстени. Точно за 90-от јубилеј, Audi за првпат ги изложува мотоциклите од сегашноста и минатото во својот музеј во Инголштат.

Влезот на Ducati во светот на мотоциклите е со – мотор за мопед

Марката е основана во 1926 година од тројцата браќа Адријано, Бруно и Марчело Кавалиери, но во почетокот не произведува мотоцикли, туку кондензатори и делови за радија. Во март 1946 година, Ducati го претставува Cucciolo, малечок помошен мотор за велосипеди. Тоа наидува на голем интерес на пазарот и почеток на новата ера за Ducati. Три години подоцна се појавува првиот мотоцикл, Ducati 60.

Изложба на Ducati во Audi museum mobile

Во изложбата се наоѓа и првата генерација на Scrambler од 1960-те години, којашто се вбројува меѓу вечните стилски икони. Меѓу најголемите иновации спаѓа и дезмодромското управување со вентилите, со коешто инженерот Фабио Таљони предизвика револуција во браншата. Ова техничко решение беше применето за првпат во 1956 година, во тркачкиот Ducati 125, додека првиот сериски модел со дезмодромскиот систем е 350 Mark 3D, кој исто така се наоѓа во музејот. Не отсуствува и Ducati 750 GT, првиот сериски модел со двоцилиндарски V мотор под 90 степени и сопирачки дискови.

Мотоспортот е значаен дел од историјата на марката. Од 1971 година потекнува 500 GP, последен мотоцикл со когошто Ducati настапуваше во кралската класа во трките со мотоцикли. Во 2003 година Италијанците се вратија со Desmosedici. Вкупно 20 тркачки модели се изложени во Audi museum mobile: Ducati 750 Imola, мотоцикли од Tourist Trophy, Ducati 916 од супербајк, Ducati 748 од Паоло Казоли и уште четири болиди од Мото ГП.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

еколошките автомобили британија

Во Европа секој ден се продаваат по 500 електрични автомобили

Tesla завршува со „доживотно“ бесплатната струја