за

Неуништливите: Воени возила за приватна борба со улиците

Паркирањето пред супермаркет му е послаба страна на Paramount Marauder. Оклопното возило од Јужна Африка со цена од 340.000 евра има други квалитети. Зајакнатото подвозје е заштитено од мини со 8 килограми TNT. Во тоа можеа да се убедат гледачите на култната серија Топ Гир. За демонстрација, задниот дел на Marauder беше кренат во воздух со пластичен експлозив. Возилото мина само со дупната гума и продолжи да вози непречено.

Тие се создадени за воена примена, но може да се користат и за приватни кризни состојби. Овие возила со милитантен став се во слободна продажба, најевтиниот чини 30.000 евра.

Hummer е најпознатиот претставник на оваа чудна сорта, од него почна сé. Во почетокот на 1980-те години AM General го претстави првото борбено тактично возило, кое што можеше да се користи и во цивилното подрачје. По десетина години почнаа да се произведуваат верзиите за примена во мирнодобски услови, кои што и денес ги привлекуваат погледите на улица. Агенции што организираат јавни настани, менаџери што сакаат пред светот да изгледаат многу поголеми отколку во реалноста и јавни личности што имаат потреба од заштита пројавија огромен интерес за Hummer, но предизвикаа и бројни реакции во јавноста.

Од 1999 година, Hummer премина во сопственост на General Motors. Оттогаш американскиот гигант беше одговорен за продажбата на Hummer. По H1 следеа моделите H2 и H3. Производството на првиот модел престана во 2006 година и понатаму се испорачуваа само возилата од залиха, додека последниот примерок од H3 ги напушти погоните во 2010 година.

Тежина на празно возило од преку шест тони

Во меѓувреме се појавија исто толку моќни алтернативи за примена во приватни кризни услови. Изведбата од класата G со погон на сите шест тркала е еден од овие автомобили што не минуваат незабележано. Освен со шесте оски, Mercedes G63 AMG 6×6 е впечатлив и со големата товарна површина зад патничката кабина. Моделот првично беше конструиран за австралиската војска.

Во зависност од надградбата на каросеријата и носивоста, овој монструм тежи и до девет тони. Во најлесната изведба, тежината изнесува 6,5 тони. Неодамна Daimler почна да го испорачува моделот и на приватни лица, од кои повеќето се од Персискиот Залив. Тридецениската историја на класата G е тесно поврзана со воените примени. Таа се користи во армиите на Аргентина, Норвешка, Австрија и Швајцарија.

Паркирањето пред супермаркет му е послаба страна на Paramount Marauder.  Оклопното возило од Јужна Африка со цена од 340.000 евра има други квалитети. Зајакнатото подвозје е заштитено од мини со 8 килограми TNT. Во тоа можеа да се убедат гледачите на култната серија Топ Гир. За демонстрација, задниот дел на Marauder беше кренат во воздух со пластичен експлозив. Возилото мина само со дупната гума и продолжи да вози непречено.
Паркирањето пред супермаркет му е послаба страна на Paramount Marauder.
Оклопното возило од Јужна Африка со цена од 340.000 евра има други квалитети. Зајакнатото подвозје е заштитено од мини со 8 килограми TNT. Во тоа можеа да се убедат гледачите на култната серија Топ Гир. За демонстрација, задниот дел на Marauder беше кренат во воздух со пластичен експлозив. Возилото мина само со дупната гума и продолжи да вози непречено.

Hummer H3 се продаваше во Европа меѓу 2006 и 2010 година. Врвната верзија со 5,3-литарски V8 има 305 КС. Најевтиниот H3 се продаваше за 35.000 евра.
Hummer H3 се продаваше во Европа меѓу 2006 и 2010 година. Врвната верзија со 5,3-литарски V8 има 305 КС. Најевтиниот H3 се продаваше за 35.000 евра.

Mercedes G 63 AMG 6x6 се произведува во ограничена серија и чини 451.000 евра. За разлика од воената верзија, која што вози со дизелски мотор, приватните корисници можат да го добијат овој монструм на три оски со битурбо V8 со 544 КС.
Mercedes G 63 AMG 6×6 се произведува во ограничена серија и чини 451.000 евра. За разлика од воената верзија, која што вози со дизелски мотор, приватните корисници можат да го добијат овој монструм на три оски со битурбо V8 со 544 КС.

Oshkosh L-ATV е возило од специјализираниот производител од американската сојузна држава Висконсин, замислено како алтернатива на повеќенаменскиот Humvee. Возилото е специфично по хибридниот погон. Со него може да вози безшумно по теренот.

Воената верзија на Renault Sherpa, која што изгледа многу слично на Humvee, позната е од Нато трупите. Цивилната верзија има учествувано на релито Дакар. Тенкот со тежина од 7,7 тони има четирицилиндарски дизел со 215 КС и постигнува 120 километри на час. Цената е околу 200.000 евра.

Combat T-98 е возило од Kombat Armouring Group од Санкт Петерсбург. Оските и погонот на сите тркала потекнуват од General Motors. Моторот е 6,6-литарски V8 дизел со 300 КС или 8,1-литарски бензинец, исто така со осум цилиндри, но со 340 КС. Крајната брзина е 200 km/h. Според производителот, T-98 е најбрзо оклопно возило на светот. И цената е соодветна: 130.000 евра.

Land Rover Defender првично беше замислен како земјоделско возило, но „Landy“ брзо се докажа и во воените експедиции. Од 1956 година се користи како стандардно возило на британската армија.
Land Rover Defender првично беше замислен како земјоделско возило, но „Landy“ брзо се докажа и во воените експедиции. Од 1956 година се користи како стандардно возило на британската армија.

Измислен за зимски услови. Tiger се произведува од 2001 година во Gorkovski Avtomobilny Zawod, a од 2005 година е достапен и во цивилна изведба. издржува екстремно ниски температури и може да совлада река со длабочина до еден метар. Цената е 80.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бразилец го претвора автомобилскиот отпад во улична уметност

Ексклузивната серија на A45 AMG во Мак Аутостар