за

Невнимателното качување на тротоар ги уништува гумите

Поткачувањето на тротоар често се практикува во град. Но, ако притоа не се внимава, гумата се оштетува, а тоа се дознава дури подоцна. Така оштетената гума претставува голема опасност.

Во центарот на градовите тротоарот често пати е единствено решение за привремено оставање на возилото. Во принцип, секој го практикува тоа при тркнување до продавничка или при чекање на сопатникот. Но, притоа мора да се внимава да не се оштети гумата.

Грубото удирање во рабникот на тротоарот е опасно затоа што доаѓа до оштетување на гумата кое што се открива дури подоцна. Затоа, возилото секогаш треба да се качува преку рабникот внимателно и под колку е можно поголем агол. Ако рабникот се допре со малку завртени тркала се ризикува гмечење на страната на гумата и нејзино деформирање. Гума што е оштетена на овој начин може да пукне и тоа е особен опасно ако се случи на автопат. При паркирањето на возилото треба исто така да се внимава гумата да налегнува со целата газечка површина на тротоарот и да не виси делумно во воздух.

Опасноста од оштетување на гумата често пати се потценува. Ако возилото мора често да се качува на тротоар, на пример пред домот или работното место и како последица од тоа се чувствува тресење на воланот, потребно е да се провери избалансираноста на бандажите, а по потреба да се изврши и нивна замена. Од овој груб контакт не трпат само гумите. Во зависност од силината на ударот може да се деформираат сферичните зглобови, па дури и попречните водилки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Товариш, каде е мојот автомобил?

Honda продаде повеќе, заработи помалку