за ,

На летен одмор со автомобилот – и со четирите велосипеди!

Многумина посакуваат да ги понесат своите велосипеди на летниот одмор. Opel ја исполнува оваа желба со системот Flex Fix, посебен држач за велосипеди кој се извлекува од браникот.

Flex Fix е едноставен, компактен и првенствено безбеден систем за превоз на велосипедите. Марката Opel е единствен производител кој го нуди овој систем, и тоа речиси за целата моделска гама. Носачот е вграден во задниот браник и не се забележува кога не се користи, но најголемата предност е во тоа што системот е постојано во автомобилот. Носачот за велосипеди се извлекува од задниот браник како еден вид фиока и по користењето повторно се вовлекува назад. Тоа овозможува Flex Fix да се користи во секое време и на секое место.

275440

Во втората генерација на системот, носачот може да се наведне заедно со велосипедите на него и да се пристапи до багажникот. Комбито Astra Sports Tourer и компактниот ван Zafira Tourer можат да носат до четири велосипеди, а спортскиот теренец Mokka до три велосипеди. Дури и малечкиот Adam може да носи еден велосипед со тежина до 30 килограми, а со дополнителен адаптер уште еден велосипед со тежина до 20 килограми. Вкупната носивост на носачот кај Astra изнесува 80, кај Mokka 60 килограми.

Дополнителна предност е во тоа што носачот за велосипед на Opel не предизвикува зголемување на потрошувачката до 20 проценти, како што е случај кај носачите на покрив. Покрај тоа, поради посебното прицврстување на велосипедите нема потреба брзината при возење да биде ограничена на 120 километри на час.

214229

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест: Mercedes CLA 220 CDI 7G-DCT

Alfa Romeo лансираше специјална серија на Giulietta